From Wikipedia, the free encyclopedia
Македонците во Словенија, познати и како словенечки Македонци,се малцинство коe живеe во Република Словенија.
Знаме на Македонците во Словенија. | |
Вкупен број | |
---|---|
3,972 | |
Подрачја со значајно население | |
Крањ, Љубљана | |
Јазици | |
македонски, словенечки | |
Вероисповед | |
претежно православие | |
Сродни народи | |
Според последниот попис од 2002 година, во таа држава живееле 3.972 Македонци[1], a 4,760 лица се изјасниле дека македонскиот јазик им е мајчин јазик.
Во времето на СФРЈ, многу Македонци мигрирале во Социјалистичка Република Словенија. Повеќето од нив дошле од источниот дел на СР Македонија и тие се доселиле воглавно во Крањ и во главниот град, Љубљана. Македонци има и во поголемите градови како Јесенице, Нова Горица, Марибор и Цеље. Околу 450 Македонци живеат во подрачјето на Цеље.
Во Словенија има три големи културни македонски друштва. Најголемото е „КУД Македонија“ од Љубљана[2], „КУД Кирил и Методиј“ од Крањ [3] и „КУД Билјана“ од Марибор.[4] Тие биле основани во 90-те кога Словенија станала независна република. Културните друштва биле основани за да се поттикне изучување на македонскиот јазик, традиција и култура за тие кои живеат во Словенија. Овие културни друштва главно ги слават големите празници како Велигден, Илинден и Божиќ. Секое друштво има свој центар за собири и фолклорни концерти. Исто така има и училиште за македонски јазик во Крањ за помладите Македонци.
Македонците во Словенија се претежно православни, но има и Македонци од муслиманска вероисповед - Македонци Муслимани. Поради недостаток на свештеници, постои само една македонска православна црква во Словенија, која е отворена само во одредени денови; за неделни собири се користи српската православна црква. Првата македонска црковна организација била MCO (Македонски црковен одбор/Makedonski crkoven odbor). На 13 април 1993 била одржана првата нивна средба каде што било одлучено да се основа Македонска црква во Словенија. Добри односи има меѓу Македонската православна црква и Римокатоличката црква. Многу Македонци исто така ја користат и Српската православна црква.
Црквата „Света Марија Рожденска“ која е сместена во Крањ, е користена од страна на Македонците за поголемите празници.[5]
Во Словенија има само еден весник кој е наменет за Македонците во Словенија наречен „Наше сонце“. Печатен е од страна на Македонското друштво Кирил и Методиј од Крањ. Првото издание било испечатено на 1 декември 1997. Весникот главно пишува за проблемите и активностите на Македонците кои живеат во Словенија.[5]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.