From Wikipedia, the free encyclopedia
Нова Горица (словенечки: Nova Gorica) — гратче и седиште на истоимената општина во Словенија. Градот има население од 13,031 жители.[1] Градот се наоѓа во западна Словенија, близу границата со Италија. Овој град е нов и бил изграден во 1948 година, после Парискиот мировен договор се основале границите на ФНРЈ, кога градот Горица останал надвор од ФНРЈ, односно во Италија.[2] Месното население градот го нарекува само како Горица и тоа име е на регистарските таблички.
Нова Горица Nova Gorica | ||
---|---|---|
Местоположба во Словенија. | ||
Координати: 45°57′21.2″N 13°38′35.7″E | ||
Држава | Словенија | |
Традиционален регион | Приморска | |
Статистички регион | Горица | |
Општина | Нова Горица | |
Површина | ||
• Вкупна | 3,5 км2 (1,4 ми2) | |
Надм. вис. | м | 93,4|
Население (2020) | ||
• Вкупно | 13.031 | |
• Густина | 3,700/км2 (9,600/ми2) | |
Час. појас | UTC+1 | |
Пошт. бр. | 5000 |
Потеклото на самото име „Горица“ е словенско. Вообичаениот месен поим за градот е „Горица“ (т.е. без претставката „Нова“), додека жителите имаат тенденција да го нарекуваат соседниот италијански град како „Стара Горица“. Оваа употреба се образува и во словенечките регистарски таблички („GO“ за Горица), како и во името на месниот фудбалски клуб НД Горица. Зборот „горица“ е деминутивен облик на словенечката вообичаена именка „гора“. На архаичен словенечки јазик значело и „лозје“. Вообичаен е топоним во Словенија и во други области со словенечки населени места, како и вообичаено во областите кои имаат или историски имале словенско говорно население.
Нова Горица е најмладиот голем град во Словенија, изграден во современиот дух од 1948 година, кога парискиот мировен договор воспоставил нова граница помеѓу Југославија и Италија.
Во Нова Горица се наоѓа на еден од трите национални театри во Словенија. Културната установа Горички музеј е сместена во Кромбершкиот замок во приградската населба Кромберк.
Универзитетот во Нова Горица се наоѓа во предградието Рожна Долина. Гимназијата „Нова Горица“, сместена во средиштето на градот, е едно од најреномираните средни училишта во Словенија.
Во Нова Горица излегува културниот магазин Razpotja (во превод: Раскрсници).
На југ од гратчето се наоѓа ридот Костањевица, дом на црквата во чест на Благовештение на Пресвета Богородица и францискански манастир од 17 век со обилни богатства од минатото.[3] Последните членови на Бурбонците, француското кралско семејство, се закопани во крипта под црквата (самиот Шарл X и членовите на неговото семејство и придружбата, вклучувајќи го и неговиот син Луј Антоан, и неговиот внук Анри д'Артоа, внук на Луј (ниту Луј Антоан ниту Анри никогаш не владееле како кралеви)). Тој избегал од Франција по револуцијата во 1830 година, наоѓајќи засолниште во Горица, и на крајот умрел таму. Таму е погребан и Пјер Луј Жан Касимир де Блакас, бурбонски благородник кој исто така починал во егзил (во 1839 година).[4]
Наспроти ридот Костањевица, северно од гратчето се наоѓа населбата Света Гора која е врв од 682 м што привлекува аџии веќе 450 години. Погледот од таму е исклучителен, а на ведар ден посетителите можат да видат до Истра, Венеција, Доломитите и Камничките и Јулиските Алпи. Врвот на планината е дом на прекрасна базилика, каде што повремено се одржуваат концерти, францискански манастир и музеј на Битките кај Соча.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.