![cover image](https://wikiwandv2-19431.kxcdn.com/_next/image?url=https://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/9/9f/Slavoj_Zizek_in_Liverpool_cropped.jpg/640px-Slavoj_Zizek_in_Liverpool_cropped.jpg&w=640&q=50)
Славој Жижек
словенечки филозоф / From Wikipedia, the free encyclopedia
Славој Жижек (словенечки: Slavoj Žižek; р. 21 март 1949) — словенечки филозоф и критичар на културата[1] кој работи во традициите на хегелијанството, марксизмот и Лакановата психоанализа. Има придонесено за развојот на политичката теорија, теоријата на филмот и теоретската психоанализа. „Еден од најпознатите јавни интелектуалци на светот“, според Џон Н. Греј[2], се смета дека „Жижек е денес она што Жак Дерида беше во осумдесеттите: омилен мислител за младата европска интелектуална авангарда“.[3]
Славој Жижек | |
---|---|
![]() Славој Жижек во Ливерпул, 2008 г. | |
Роден(а) | 21 март 1949(1949-03-21) (75 г.) Љубљана, НР Словенија, ФНРЈ |
Школа | хегелијанство психоанализа марксизам |
Претежна дејност | онтологија · теорија на филмот психоанализа идеологија · теологија марксизам |
Влијанија од
| |
Влијаел врз
| |
Жижек работи како виш истражувач на Институтот за социологија и филозофија при Универзитетот во Љубљана, Словенија, а и како професор на Европската Постдипломска школа.[4] Како визитинг професор предавал и на Универзитетот во Чикаго, Универзитетот Колумбија, Лондонскиот Конзорциум, Универзитетот Принстон, Универзитетот во Њујорк и низа други. Во моментов е интернационален директор на Институтот за општествени науки Биркбек при Лондонскиот универзитет и претседател на Здружението за теоретска психоанализа од Љубљана.[5]
Жижек користи примери од популарната култура да ја објасни теоријата на Жак Лакан и користи Лакановата психоанализа, хегеловска филозофија и марксистичка критика на економијата за да ги толкува и зборува за совреемените општествени феномени, меѓу кои финансиската криза која започна во 2007 г. Во 2008 година во интервју со Ејми Гудман се опишал себеси како „комунист во квалификувана смисла“, а во 2009 г. како „радикален левичар“.[6][7]
Жижек е атеист. Има изјавено дека не ја смета религијата за непријател туку за едно од полињата на борба. Тој исто така се има нарекувано и „христијански материјалист“. Тој верува дека универзалистичкиот аспект на христијанството треба да се секуларизира во милитантнен егалитаризам, наспроти „паганското сфаќање на судбина“[8] Овој универзализам тој го изведува од она за што верува дека е наводната христијанска смрт на Бог: Бог умрел на крстот и живее понатаму како „Светиот дух“, односно, во човечката заедница.[се бара извор]
Во 2006 г. Жижек напиша мислење објавено во Њујорк тајмс насловено „Атеизмот е наследство за кое вреди да се бориме“ и искажа поддршка за пропагирањето на атеизмот на континентот.[9] Има напишано повеќе дела за реинтерпретацијата на религиозното или теолошкото, како „Куклата и џуџето“, „За верувањето“ и „Кршливото апсолутно“.