Зигмунд Фројд
From Wikipedia, the free encyclopedia
Зигмунд Фројд (германски: Sigmund Freud; 6 мај 1856 - 23 септември 1939 ) — австриски невролог, основач на психоаналитичката школа за психологија. Фројд е најпознат по неговите теории за несвесниот ум и механизмите за заштита од потиснување и по создавањето на клиничкото применување на психоанализата за лекување на психопатологијата со помош на разговор помеѓу пациентот и психоаналитичарот. Фројд исто така го препознаваме и по неговото редефинирање на сексуалната желба како основна мотивациона енергија на човековиот живот, како и неговите терапевтски техники, во коишто спаѓа употребата на слободното здружување, неговата теорија на пренесување во терапевтските врски и толкувањето на соништата како внатрешни извори на несвесните желби. Тој исто така е еден од првите истражувачи од областа на неврологијата во церебралната патологија.
Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
Иако повеќето од идеите на Фројд отпаднаа или се изменети од страна на Нео – Фројдијанците и модерните напредоци во областа на психологијата покажаа неуспех во многу од неговите теории, делото на Фројд останува важно во историјата на клиничките психодинамични достигнувања. Во академијата, неговите идеи продолжуваат да влијаат на хуманистичките и некои од општествените науки.