Максимилијан Робеспјер
From Wikipedia, the free encyclopedia
Максимилијан Франсоа Мари Изидор де Робеспјер (француски: Maximilien François Marie Isidore de Robespierre; 6 мај 1758 – 28 јули 1794) е една од најпознатите и највлијателните личности од Француската револуција. Тој во голема мера доминираше со Комитетот за јавна безбедност и бил од големо значење во времето на Револуцијата, општо позната како Владеење на теророт, кој завршил со негово апсење и погубување во 1794 година.
Максимилијан Франсоа Мари Исидор де Робеспјер | |
---|---|
Робеспјер 1790 година | |
Пратеник и член на Државна Безбедносна Контрола | |
На должноста 27 јули 1793 – 27 јули 1794 | |
Изборна единица | Париз |
Претседател на државната конвенција | |
На должноста 4 јуни 1794 – 17 јуни 1794 | |
На должноста 22 август 1793 – 5 септември 1793 | |
Член на државната конвенција | |
На должноста 20 септември 1792 – 27 јули 1794 | |
Лични податоци | |
Роден(а) | 6 мај 1758(1758-05-06) Арас, Франција |
Починал(а) | 28 јули 1794(1794-07-28) (возр. 36) Paris, France |
Националност | Французин |
Партија | Јакобинска партија |
Установа | Школа Луј Велики |
Професија | Адвокат и Политичар |
Вероисповед | Деист |
Потпис |
Робеспјер бил под влијание на просветителските филозофи од XVIII век како Жан-Жак Русо и Монтескје и бил способен гласноговорник на верувањата на буржоазијата од левото крило. Тој бил опишуван како физички ненанметлив и беспрекорен во начинот на облекување и личните манири. Неговите поддржувачи (истомисленици) го нарекувале „човек кој не може да се корумпира”, додека пак неговите противници го нарекувале „диктаторот дивјак”.