From Wikipedia, the free encyclopedia
Северниот бел носорог (Ceratotherium simum cottoni) е еден од подвидовите на Белиот носорог. Овој подвид се храни со трева и живее на пасиштата и саваните. Можно е овие животни денес да се изумрени во дивината откако при последните проценки не успеале да ги лоцираат единствените преживеани единки во Националниот парк Гарамба во Демократската Република Конго. Се смета дека се останати само 8 единки - во Зоолошките градини во Сан Диего и во Чешка[1] .
Северен бел носорог | |
---|---|
Мажјак северен бел носорог во Парк за диви животни Сан Диего. | |
Научна класификација | |
Царство: | Животни |
Колено: | Хордати |
Класа: | Цицачи |
Ред: | Perissodactyla |
Семејство: | Rhinocerotidae |
Род: | Ceratotherium |
Вид: | C. simum |
Подвид: | C. s. cottoni |
Триномен назив | |
Ceratotherium simum cottoni (Lydekker, 1908) | |
распространетост на северниот бел носорог означена со портокалово |
Во минатото северниот бел носорог бил распространет на териториите на северозападна Уганда, јужен Чад, југозападен Судан, источниот дел на Централноафриканска Република и североисточниот дел на Конго[2]. Единствената позната популација живее во североисточниот дел на Демократската република Конго.
Ловокрадците го намалиле бројот на овие носорози од 500 на 15 за време на 1970-тите и 1980-тите. Од почетокот на 1990-тите до средината на 2003 година популација малку се зголемила и броела 32 единки. Според набљудувањата од 2000 година, се смета дека популација закрепнува. Идентификувани се 30 единки со можност за уште 6 други[3]. Од средината на 2003 година, ловокрадството повторно зема голем замав и бројот на популацијата изнесувал 5 до 10 единки [4], но според WWF во дивината има останато само уште 4 единки од подвидот Северен бел носорог[5] .
Последната преживеана популација од Северни бели носорози се наоѓа во Националниот Парк Гарамба, Демократска Република Конго. Неодамнешните граѓански војни и немири се причина за сомнеж во статусот на последната преживеана популација.
Во јануари 2005 година, владата на Конго одобрила план во два дела за преселување на 5 цеверни бели носорози од националниот парк Гарамба во резерват во Кенија. Вториот дел од договорот ја обврзува владата да ги зголеми напорите за зачувување на овој подвид, по што ови еносорози повторно ќе можат да се вратат во нивното природно живеалиште[6].
Во август 2005 година набљудувачи од неколку фондации за заштита идентификувале само 4 единки . Еден возрасен мажјак и група од возрасен мажјак и две возрасни женки. Направени се и понатамошни напори да се најдат и други единки [6]. Во јуни 2008 година објавено е дека постои голема можност овој под вид да е изумрен во дивината, бидејќи од 2006 година никој ги нема забележано преостанатите единки [7].
Популацијата во заробеништво на северните бели носорози брои само осум единки кои се сместени во две зоолошки градини, едната во САД, а другата во Чешка. Сепак само три од овие животни се способни за размножување. Како резултат на ова, и популацијата во заробеништво се намалува. Северните бели носорози многу ретко се размножуваат во заробеништво.
Европската асоциација на зоолошки градини и аквариуми (ЕАЗА) организира програми за размножување на дивите животни, како што е Европската програма за загрозени видови (ЕПЗ) (EEP во оригинална форма). Ваква програма постои и за северниот бел носорог. Во оваа програма се вклучени 7 единки од кои 6 се чистокрвни северни бели носорози. Овие единки се сместени во зоолошката градина Dvůr Králové во Чешка[8].
Во оваа зоолошка градина има и еден хибрид добиен од мајка северен бел носорог и татко од јужен бел носорог со име Артур.
Мажјакот со име Саут, роден во дивина во Шамбе во Судан на 19 септември 1972 година, умрел во август 2006 година[9].
Во паркот за диви животни во Сан Диего во Калифорнија, САД, има два северни бели носорози[4][10], и двете единки се фатени во дивината. Тоа се женката со име Нола и мажјакот Ангалифу. Нола е нефертилна, па затоа овој пар не е способен да даде потомство. Друга женка со име Нади, умрела на 30 мај 2007 година[10].
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.