From Wikipedia, the free encyclopedia
Свахилски, свахили или кисвахили — јазик од групата на банту јазици и мајчин јазик на народот Свахили. Јазикот се зборува од различни заедници во регионот на Африканските Големи езера и во делови од Југоисточна Африка, поточно во делови во Танзанија, Кенија, Уганда, Руанда, Бурунди, Мозамбик и ДР Конго.[2] Сроден јазик на свахилскиот е коморскиот јазик, кој понекогаш се смета за еден од дијалектите на свахилскиот јазик.
Свахилски јазик | |
---|---|
Kiswahili | |
Застапен во | Танзанија Кенија Уганда Руанда Бурунди Демократска Република Конго Сомалија Оман Комори (заедно со Мајот) Мозамбик |
Говорници | Прв јазик: 5-10 милиони Втор јазик: 80 милиони[1] |
Јазично семејство | Нигер-конгоанско
|
Статус | |
Службен во | Африканска Унија Кенија Танзанија Уганда |
Регулативен орган | Baraza la Kiswahili la Taifa (Танзанија) |
Јазични кодови | |
ISO 639-1 | sw |
ISO 639-2 | swa |
ISO 639-3 | Разни: swa — свахили (општ) swc — конго свахили swh — свахили (специфичен) |
Подрачјата каде што свахили се зборува како мајчин јазик (темнозелено), официјален или национален јазик (средно зелено) и трговски јазик (светлозелено). Како трговски јазик, се протега уште посеверозападно. |
Иако само околу 5 милиони луѓе го зборуваат јазикот како мајчин јазик,[3] тој е лингва франка во Источна Африка. Вкупниот број на луѓе што го зборуваат јазикот надминува над 140 милиони.[4] Јазикот е службен во Танзанија, Кенија и Уганда и признат е како еден од службените јазици на Африканската Унија.
Дел од зборовниот фонд на свахилскиот е по потекло од арапскиот јазик, како директна последица на контактите на Свахилите со Арапите. Покрај арапскиот, јазикот црпел зборови и од англискиот, францускиот, германскиот и португалскиот јазик.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.