Сатурн (митологија)
римски бог / From Wikipedia, the free encyclopedia
Сатурн (латински: Saturnus) бил бог во древната римска религија и лик од римската митологија. Тој бил претставен како бог на создавањето, распадот, изобилието, земјоделството, времето и слободата. Неговото владеење било опишано како Златно Доба на изобилието и мирот. Храмот на Сатурн во Римскиот форум бил државниот трезор. Прославата во негова чест била одржувана во декември и истата била позната како Сатурналија.
Кратки факти Сатурн, Симбол ...
Сатурн | |
---|---|
Римски релјеф од 2 век | |
Титан, изобилие, земјоделство, слобода и време | |
Симбол | срп |
Сопружник | Опа |
Родители | Целус и Тера |
Браќа/сестри | Јанус, Опа |
Деца | Јупитер, Нептун, Плутон, Јунона, Церера и Веста |
Слави | Сатурналија |
Затвори
Планетата Сатурн е именувана во негова чаест, а воедно и денот сабота потекнува од името на овој бог.