село во Леринско, Егејска Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Рудник (грчки: Ανάργυροι, Анаргири; до 1928 г. Ρούδνικ, Рудник[2]) — село во Леринско, Егејска Македонија, денес во општината Суровичево на Леринскиот округ во областа Западна Македонија, Грција. Населението брои 452 жители (2011). Пред Балканските војни Македонците во селото сочинувале мнозинство, додека денес тие се една третина од жителите.[3]
Рудник Ανάργυροι | |
---|---|
Координати: 40°36.9′N 21°36.42′E | |
Земја | Грција |
Област | Западна Македонија |
Округ | Лерински |
Општина | Суровичево |
Општ. единица | Ајтос |
Надм. вис. | м | 656
Население (2011)[1] | |
• Вкупно | 452 |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Селото е сместено во северниот дел на котлината Сариѓол, дваесетина километри југозападно од Суровичево и уште толку северозападно од Кајлари. Лежи на источниот брег на Рудничкото Езеро.
Во османлиските дефтери на христијанското население во Леринскиот вилает од 1626/27 г. се вели дека Рудник се состоел од 68 христијански домаќинства.[4]
Во XIX век Рудник било големо македонско-турско село и седиште на Рудничката нахија во Леринската каза. Поради проширувањето Рудничкото Езеро и заблатувањето на површините околу селото, нахиското седиште е преместено во Суровичево и Рудник постепенно опаднал.[3] Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Рудник (Roudnik) било село во Џумалиската каза со 100 домаќинства, од кои с 12 жители муслимани и 365 Македонци.[5][6]
Во 1889 г. хрватскиот етнограф Стефан Верковиќ напишал за Рудник:
„ | На исток [од Чор] се наоѓа селото Родник со 20 муслимански и 30 македонски куќи. Данокот на првите изнесува 1.800 пијастри, а на вторите — 4.200 пијастри и инание-аскерие од 2.080 пијастри.[7][8] | “ |
Некаде помеѓу 1896 и 1900 г. селото потпаднало под врховенството на Бугарската егзархија.[9] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Рудник имал 160 жители Македонци и 50 жители Турци.[5][10] По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во селото имало 160 Македонци под егзархијата и во него работело бугарско училиште.[5][11] Во овој период Боривое Милоевиќ го посетил селото и попишал 14 македонски и 7 турски куќи.[3]
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Рудник се води како чисто македонско село во Леринската каза на Битолскиот санџак со 32 куќи.[12]
По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Таа година населението броело 162 жители кои во 1920 г. се намалиле на 133.[3] Во 1924 г. властите ги иселиле малубројните турски семејства во Турција по сила на Лозанскиот договор, а на нивно место довеле поголем број грчки семејства од Северен Епир во Албанија. Во 1928 г. бил македонско-дојденска населба со 341 жител, од кои 214 лица (60 семејства) биле грчки дојденци.[13] Истата година е преименувано во Анаргири, што значи „Бессребреници“.[14]
Во текот на 1960-тите дел од жителите се преселиле во градот Кајлари.[3]
Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година | 1940 | 1951 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2001 | 2011 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 475 | 466 | 510 | 352 | 406 | 461 | 498 | 452 |
Бидејќи лежи во полето на Сариѓол, селото е доста богато. Се произведуваат големи количества тутун, детелина и жито.[3]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.