Граматичкиот род е една од граматичките категории на именките. Тоа е систем кој е присутен кај повеќето јазици во светот. Честа поделба на именките според родот е на именки од машки, женски и среден род. Покрај таа поделба, застапена е и поделбата само на именки од машки и женски род, како и поделбата меѓу живи и неживи именки. Кај неколку јазика, граматичкиот род се определува според значењата или атрибутите на именките, како што е полот на пример. Сепак, кај повеќето јазици семантичката поделба е само делумно валидна, бидејќи постојат голем број примери каде граматичкиот род и нивното значење не се совпаѓаат (на пример во македонскиот именката 'судија' е од женски род, а значењето е од машки род). Во ваквите случаи определувањето на родот е врз основа на морфолошките и фонолошките одлики на именката.

Една одлика за родот на именките е тоа што тој мора да одговара со родот на придавката или заменката која е во непосредна близина. Покрај тоа што именките и останатите зборовни групи одговараат по род, тие одговараат и по број и падеж. Кај јазиците што имаат падежи, падежот се одредува според родот на именките.

Граматичкиот род е присутен кај најголем број индоевропски јазици (освен некои, као на пример персискиот), но и кај најголем број од семитските, афроазиските, дравидските, североистичните кавкаски, нигер-конгоанските и австралиските јазици. Граматичкиот род е најчесто отсутен кај алтајските јазици, австронезиските, синотибетските, уралските и староседелските американски јазици.[1]

Родовиот систем

Именките во јазиците се класифицираат според различни критериуми во поглед на родот. Најчести системи на класификација на именките во јазиците се:

  • именки од машки и женки род: кај овие јазици има поделба само на именки од машки и женски род. Именките кои природно не се дел од машкиот или женскиот род (познат како среден род) се поделени меѓу овие два рода, по некои навидум природни одлики.[2][3] Такви јазици се на пример романските јазици, келтските јазици, хиндустанскиот јазик, афроазиските јазици и албанскиот јазик, меѓу другите.
  • именки од машки, женски и среден род: кај овие јазици има поделба меѓу именки од машки, женски и среден род. Такви јазици се словенските јазици, латинскиот, германскиот, старогрчкиот и други.
  • живи и неживи именки: кај овие јазици именките се поделени меѓу именки кои се живи (луѓе и животни) и именки кои се неживи (предмети). Такви јазици се на пример анадолските јазици, како и баскискиот јазик.
  • заеднички и среден род: кај овие јазици, машкиот и женскиот род претходно постоел, но биле споени во еден, наречен „заеднички род“. Именките поврзано со луѓе се често класифицирани како заеднички. Такви јазици се на пример се данскиот и шведскиот, а во добар дел и холандскиот јазик.

Граматички спроти природен род

Природниот род на именките и замеките е родот кој се определува според природните одлики на именките. Честата поделба е меѓу машки и женски род, во зависнист од дефиницијата на природниот род во општествената и социолингвистичка смисла. За илустрација, кога се мисли на именката 'крава' веднаш се асоцира како имемка од женски род, водени од природниот род на животното.

Граматичкиот род на именките не секогаш одговара со природниот род на именката. Така на пример, во македонскиот јазик зборот 'судија' е именка од женски граматички род, но од машки природен род.

Поврзано

Наводи

Литература

Надворешни врски

Wikiwand in your browser!

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.

Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.