холандски фудбалер From Wikipedia, the free encyclopedia
Робин ван Перси (роден 6 август 1983 во Ротердам) — холандски фудбалер, напаѓач на Фејенорд и на холандската репрезентација.
Робин ван Перси | |||
---|---|---|---|
Ван Перси со Фенербахче во февруари 2016 | |||
Лични податоци | |||
Роден на | 6 август 1983 | ||
Роден во | Ротердам, Холандија | ||
Висина | м | 1,83||
Позиција | напаѓач | ||
Клупски податоци | |||
Сегашен клуб | Фенербахче | ||
Број | 11 | ||
Младинска кариера | |||
Фејенорд | |||
Кариера* | |||
Години | Клуб | Наст. | (Гол.) |
2001–2004 | Фејенорд | 59 | (15) |
2004-2012 | Арсенал | 194 | (96) |
2012-2015 | Манчестер Јунајтед | 86 | (48) |
2015-2018 | Фенербахче | 57 | (25) |
2018- | Фејенорд | 28 | (16) |
Репрезентација ‡ | |||
2007-2010 | Холандија 21 | 6 | (1) |
2007- | Холандија | 101 | (50) |
* Ажурирано на: 16 јануари 2012 ** Ажурирано на: 16 јануари 2012 |
Како син на двајца уметници, Ван Перси бил охрабруван и самиот да стане уметник и да тргне по стапките на неговите родители, но нему повеќе му се допаднал фудбалот и станал член на младиот состав на СБВ Екселсиор во 2001. Неговиот пробив беше во клубот од неговиот роден град Фејенорд, каде што помина три сезони и го освои купот на УЕФА во 2002. Во 2004, се пресели во Англија и потпиша за Арсенал, со кого истата сезона го освои Комјунити Шилд, а во сезоната 2004-05 и ФА Купот.
Ван Перси има повеќе од 100 настапи и 32 голови за Холандската репрезентација, за која учествувал и на Светското Првенство во 2006, Светско првенство во 2010, Светско првенство 2014 и на Европското првенство во 2008 и 2012 година.
Робин ван Перси пораснал во Ротердамската населба Кралинген. Неговата мајка, Хосе Рас, била сликар, а неговиот татко, Боб, бил вајар.[1] Тој има две сестри, Лили и Кики.[2] Често бил охрабруван да тргне по стапките на неговите родители и да стане уметник, но тој го избрал фудбалот.
Ван Перси стана член на холандскиот младинскиот тим на СБВ Екселсиор во 2001, но си замина поради конфликти со тренерскиот состав и потпиша за Фејенорд.[3] Набрзина се проби до првиот тим поради повреди на некои од играчите, дебито за клубот му беше на 17 години, прв од вкупно 15 настапи. На крајот на сезоната 2001-02, беше прогласен за Најдобар Млад Талент во холандската прва лига.
На почетокот на следната сезона, Ван Перси потпиша нов три годишен професионален договор со Фејенорд, и постигна пет гола на натпреварот од Амстел Купот против АГОВВ кој заврши 6-1 на 6 февруари 2003.[4] Но, поради несогласувања со менаџерот Берт ван Марвијк Ван Перси беше префрлен во резервниот состав, за што Ван Марвијк изјави, „Поради неговото однесување, невозможно беше тој да остане во почетниот состав, па затоа ќе им се приклучи на резервите.“[5] За време на натпревар помеѓу резервите на Феенорд и Ајакс, тој беше еден од неколкуте играчи на Феенорд кои беа нападнати од страна на хулигани кои навлегоа на теренот.[3] Разликите помеѓу Ван Перси и Ван Марвијк се продлабочија кога Ван Перси беше испратен дома пред натпреварот од Супер Купот против Реал Мадрид откако наводно тренерот не бил задоволен од говорот на телото на Ван Перси, кога му било кажано да се загрее за натпревар од лигата.[1] Ван Перси ја заврши својата деби сезона во првиот тим, имаше вкупно 28 настапи и осум голови, таа сезона Феенорд загуби во финалето на Холандскиот куп.
Феенорд неуспешно се обиде да го продолжи договорот на Ван Перси за време на летото. Сезоната 2003-04 ја помина на клупата поради се полошите односи со Ван Марвијк. Повторно играше 28 натпревари, но постигна само 6 голови. Фејенорд го понудија на продажба на крајот на сезоната, но поради неговото дисциплинарно досие немаше многу заинтересирани. Во јануарскиот преоден рок во 2004, холандскиот клуб започна преговори со Арсенал. Арсенал имаше потреба од долгорочна замена за ветеранот Денис Беркамп. Двете страни не успеаја да се договорат во јануари, но пет месеци подоцна, во летниот преоден рок, Ван Перси се пресели во Арсенал за 2,75 милиони фунти, малку повеќе од половина од оригиналната цена поставена од Феенорд, 5 милиони фунти.[3][6]
На 17 мај 2004, Ван Перси потпиша четиригодишен договор со Арсенал.[7] Менаџерот Арсен Венгер, кој планирал да го претвори Ван Перси од лево крило во напаѓач, што претходно му успеа со Тјери Анри,[8] за новиот играч изјави, „Може да игра на лево во средниот ред, како креативен играч зад напаѓачите или како напаѓач.“[9] Арсенал дополнително го засилија напаѓачкиот ред со купувањето на шпанецот Хосе Антониот Рејес,[10] со што дојде до ситуација во која овие двајца треба да се борат за место во првиот тим, но Ван Перси прв го имаше дебито за тимот, и при тоа освои и трофеј, кога влезе како замена на натпреварот против Манчестер Јунајтед во Комјунити Шилд на 8 август 2004 кој Арсенал го освои со 3:1.[11]
Ван Перси поминуваше многу време на клупата во почетокот на сезоната 2004–05, неговото натпреварувачко деби беше на 27 октомври 2004 кога го постигна и својот прв гол во победата од 2:1 на натпреварот од Карлинг Купот против Манчестер Сити.[12] Сепак, првиот црвен картон во Арсенал го заработи веќе на 26 февруари 2005 за време на гостивањето кај Саутхемптон кој заврши 1:1. Картонот го доби поради старт врз левиот бек на Саутемптон Грем Ле Со,[13] по што вообичаено смирениот Венгер бил виден како му вика на Ван Перси додека овој го напуштал теренот. Подоцна Венгер го критикуваше Ван Перси и на прес-конференцијата со изјавата: „Не го поддржувам Ван Перси денес, но на полувреме изгледаше како да има се под контрола. Кога судијата му дава црвен на домашен играч, тогаш тој е под притисок, што значи дека ако некој требаше да се контролира, тоа беше тој.“ Во меѓувреме, спортскиот писател на Телеграф Клајв Вајт во својот извештај за натпреварот го опиша Ван Перси како „9 годишно момче во телото на 21 годишник.“[14] По ова Ван Перси беше приморан да седи на клупа неколку натпревари, почнувајќи со повторениот натпревар од ФА Купот против Шефилд Јунајтед,[15] и беше вратен во составот само поради повредата на листот на Тјери Анри, на првиот натпревар откако се врати постигна два гола на победата во полуфиналето на ФА Купот против Блекбурн Роверс. Сезоната заврши за Ван Перси набрзо потоа поради повреда, но тој сепак имаше постигнато 10 голови на 40 настапи.[16]
Добрата форма на Ван Перси му донесе награда Играч на Месецот на Премиер Лигата за ноември откако имаше осум голови на осум настапи,[1][8] по што беше награден со петгодишно продолжување на договорот на 4 јануари 2006.[17] Но, два дена по потпишувањето на новвиот договор, Ван Перси се здоби со нова повреда, на натпреварот од ФА Купот против Кардиф, еден од противничките играчи го згазна на стапалото и му скрши еден од прстите.[18] Ван Перси играше на следните три натпревари со дупка во копачката, исечена за да се намали притисокот, а со тоа и болката, по што беше одморен на Премиерлигашкиот натпревар против Вест Хем Јунајтед на 1 февруари.[1] На првото финале на Арсенал во Лигата на Шампионите во 2006 беше на клупата, но не влезе во игра, Арсенал загуби со 2:1 од Барселона.[19]
На почетокот на сезоната 2006–07 на натпреварот против Чарлтон Атлетик, Ван Перси постигна гол од волеј, во скок, за кој Венгер рече „таков (гол) се постигнува еднаш во животот“,[20]
Подоцна беше прогласен за Гол на Месецот за септември од страна на BBC,[21] а годината ја заврши како Ротердамски Спортист на Годината за 2006. Сепак, неговата сезона беше предвреме завршена по вторпат во својата кариера на 21 јануари 2007, кога заработи фрактура на коска во десното стапало додека го прославуваше израмнувачкиот гол на натпреварот против Манчестер Јунајтед. Сезоната ја заврши со 13 постигнати голови.[22]
Откако Анри си замина во Барселона пред почетокот на сезоната 2007–08, Ван Перси ја презеде улогата на главен напаѓач на Арсенал. Сезоната ја започна добро откако го постигна победничкиот гол во натпреварот против Интер од Купот на Емирати кој заврши 2:1. Истото го постигна и на натпреварот против Ајакс од Купот на Амстердам кој заврши 1:0. По серијата од седум голови на десет натпревари во лигата, Ван Перси повторно се повреди, овојпат повредата беше на коленото, а ја доби на натпревар за Холандија.[23] Враќањето во форма му беше на натпреварот од фазата по групи од Лигата на Шампионите против Стеауа на 12 декември,[24] а во Премиер Лигата се врати против Виган на 9 март, кога влезе како замена во второто полувреме. Првиот гол по враќањето го постигна од пенал во победата од 3:2 против Болтон Вондерерс.
Ван Перси ја започна сезоната 2008-09 на 31 август со два гола во победата од 3:0 против Њукасл Јунајтед.[25] На 29 октомври, го постигна својот педесетти гол за Арсенал во дербито против соперниците Тотенхем кое заврши 4:4. На 1 ноември го доби и својот прв црвен картон за 2008-09 откако го турна голманот Томас Соренсен на поразот од 2:1 против Стоук Сити. Соренсен подоцна призна дека го „зафркавал“ Ван Перси со цел да го испровоцира реакција.[26]
На 15 август 2012 година, Арсенал објавија дека се договорени условите со Манчестер Јунајтед за неговиот трансфер, но Ван Перси требаше уште да ги договори личните услови со клубот. На 17 август 2012 година, Ван Перси и официјално стана фудбалер на Манчестер Јунајтед за сума од £ 24.000.000, потпишувајќи четиригодишен договор.[27] Тој е првиот играч којшто преминал од Арсенал во Манчестер Јунајтед уште од Вивијан Андерсон кој во 1987 направи ваков трансфер. За својата прва сезона го добил дресот со број 20, бидејќи асистенот Рене Мулестен верувал дека ван Перси ќе помогне да се освои 20-тата лигашка титула.
На 20 август 2012, ван Перси го направи своето деби за Манчестер Јунајтед, влегувајќи како замена во 68-мата минута на местото на Дани Велбек во поразот на неговиот тим со 1-0 од Евертон.[28] Пет дена подоцна тој го постигна својот прв погодок за клубот со својот прв удар за клубот, за да го израмни резултатот на 1-1 во натпреварот со Фулам на Олд Трафорд. Јунајтед забележа победа од 3-2 на тој натпревар.
На 14 јули 2015, Ван Перси потпишал за турскиот Фенербахче за 3,84 милиони фунти. Нему му бил доделен дресот со број 10. Тој и неговиот поранешен колега од Манчестер јунајтед Нани, дебитирале за Фенербахче две недели после потпишувањето, во третата рунда квалификации за Лигата на шампионите против Шахтар Донецк заменувајќи го Муса Со. Првиот свој настап во турската лига го имал на 14 август против Ескисехирспор, како замена за Фернандао во 60-та минута, во победата од 2-0. Шест дена подоцна тој го постигна својот прв гол за Фенербахче, како замена за Муса Со, и тој го постигна единтвениот гол на мечот против Атромитос од Атина во првиот натпревар од Лигата на шампионите - бараж, со својат прв допир на целиот натпревар.[29] Ван Перси го постигна својот прв гол во домашното првенство за клубот на својот прв настап како стартер на 23 август, по асистенцијата Нани за ремито 1-1 со Ризеспор.[30]
Првите настапи за Холандија Ван Перси ги направи за помалку од недела, прво во победата од 2:0 од квалификациите за Светското Првенство 2006 против Романија на 4 јуни 2005,[31][32] а потоа во друг натпревар од квалификациите, четири дена подоцна против Финска, натпревар на кој го постигна својот прв репрезентативен гол во победата од 4:0.[33]
И покрај тоа што не беше редовен стартер во составот на Арсенал, Ван Перси беше дел од составот на Марко ван Бастен за Светското Првенство 2006. Играше на сите четири натпревари на Холандија, и го постигна својот единствен гол во групната фаза против Брегот на Слонова Коска од слободен удар, по што Холандија беше елиминирана во првата елиминациона фаза.[34][35]
На квалификациите за ЕП 2008, Ван Перси постигна 4 гола, најмногу во холандската репрезентација,[36][37] и играше како крило за време на првенството, зад единствениот напаѓач Руд ван Нистелрој откако Ван Бастен реши да смени во 4-2-3-1 формација. На 13 јуни, постигна гол откако влезе во 55 минута, во победата од 4:1 против финалистот од СП 2006 Франција, и беше стартер на следниот натпревар против Романија, кога постигна гол на асистенција од Деми де Зеуф. Првенството го заврши со само два гола, откако Холандија заврши на врвот во групата Ц, но повторно беше исфрлена во првата елиминациона фаза.[38]
Ван Перси и жена му, холанѓанка со мароканско потекло, Бушра имаат еден син, Шекил, кој е роден на 16 ноември 2006. Тие живеат во Гофс Оук, Хертфордшајр.[3]
На 13 јуни 2005, додека беше во Ротердам на подготовки со тимот на Холандија за квалификациите за СП 2006, Ван Перси беше уапсен поради сомнение за силување од страна на холандската полиција откако поранешната холандска Мис Нигерија Сандра Кријгсман изјавила дека тој наводно ја нападнал два дена порано во хотел.[39] Тој помина две недели во затвор додека полицијата ги истражувала обвинението на Кријгсман,[40] по што беше ослободен по одлука на судот дека нема потреба да седи во затвор, но сè уште важеше за осомничен.[41]
Во февруари 2006, случајот беше целосно отфрлен од страна на холандското јавно обвинителство откако заврши нивната истрага. Обвинителството изјави, по темелната истрага, дека немало насилен сексуален контакт.[42] Ван Перси јавно проговори за времето поминато во затвор неколку месеци подоцна, опишувајќи го искуството како понижувачко, исто така изјави и дека во затворот бил третиран како криминалец, и покрај фактот што не бил виновен. Во октомври 2005 излезе извештај во кој пишуваше дека над 200 полицајци од Ротердам се обиделе да го видат неговото досие, и покрај фактот што голем дел од нив немале одобрение.[43]
Клуб | Сезона | Лига | Куп | Европа | Вкупно | ||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Настапи | Голови | Асист. | Настапи | Голови | Асист. | Настапи | Голови | Асист. | Настапи | Голови | Асист. | ||
Феенорд | 2001-02 | 8 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 7 | 0 | 0 | 15 | 0 | 0 |
2002–03 | 23 | 9 | 0 | 0 | 0 | 0 | 2 | 0 | 0 | 25 | 9 | 0 | |
2003–04 | 28 | 6 | 0 | 0 | 0 | 0 | 3 | 0 | 0 | 31 | 6 | 0 | |
Феенорд вкупно | 71 | 15 | ? | ||||||||||
Арсенал | 2004–05 | 26 | 5 | 1 | 9 | 4 | 0 | 6 | 1 | 0 | 41 | 10 | 1 |
2005–06 | 24 | 5 | 1 | 7 | 4 | 0 | 7 | 2 | 0 | 38 | 11 | 1 | |
2006–07 | 22 | 11 | 7 | 1 | 0 | 0 | 8 | 2 | 1 | 31 | 13 | 8 | |
2007–08 | 15 | 7 | 3 | 1 | 0 | 0 | 7 | 2 | 2 | 23 | 9 | 5 | |
2008–09 | 9 | 5 | 3 | 0 | 0 | 0 | 3 | 2 | 2 | 12 | 7 | 5 | |
Арсенал вкупно | 145 | 50 | 20 | ||||||||||
Кариера вкупно | 216 | 65 | 20 | ||||||||||
(Клупска статистика заклучно со 16 ноември 2008)
# | Датум | Стадион | Противник | Гол | Конечен | Натпреварување |
---|---|---|---|---|---|---|
1. | 8 јуни 2005 | Олимписки Стадион Хелсинки, Хелсинки, Финска | Финска | 0:4 | 0:4 | Квалификации за СП 2006 |
2. | 16 јуни 2006 | Стадион Готлиб-Дајмлер, Штутгарт, Германија | Брегот на Слонова Коска | 0:1 | 1:2 | Светско Првенство во Фудбал 2006 |
3. | 16 август 2006 | Стадион Ландсоун Роуд, Даблин, Ирска | Ирска | 0:4 | 0:4 | Пријателски натпревар |
4. | 6 септември 2006 | Стадион Филипс, Ајндховен, Холандија | Белорусија | 1:0 | 3:0 | Квалификации за ЕП 2008 |
5. | 6 септември 2006 | Стадион Филипс, Ајндховен, Холандија | Белорусија | 2:0 | 3:0 | Квалификации за ЕП 2008 |
6. | 7 октомври 2006 | Национален Стадион Васил Левски, Софија, Бугарија | Бугарија | 1:1 | 1:1 | Квалификации за ЕП 2008 |
7. | 11 октомври 2006 | Амстердам Арена, Амстердам, Холандија | Албанија | 1:0 | 2:1 | Квалификации за ЕП 2008 |
8. | 13 јуни 2008 | Стад де Суис, Берн, Швајцарија | Франција | 2:0 | 4:1 | ЕП 2008 |
9. | 17 јуни 2008 | Стад де Суис, Берн, Швајцарија | Романија | 2:0 | 2:0 | ЕП 2008 |
10. | 20 август 2008 | Стадион Локомотив, Москва, Русија | Русија | 0:1 | 1:1 | Пријателски натпревар |
(Репрезентативна статистика заклучно со 16 ноември 2008)
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.