Ринкон де ла Вјеха
вулканска планина во Костарика / From Wikipedia, the free encyclopedia
Ринкон де ла Вјеха (шпански: Rincón de la Vieja) — активен андезитски сложен вулкан кој се наоѓа во северозападна Костарика, околу 23 километри од Либерија, во покраината Гванакасте.
Кратки факти Ринкон де ла Вјеха, Највисока точка ...
Ринкон де ла Вјеха | |
---|---|
Поглед на Ринкон де ла Вјеха | |
Највисока точка | |
Надм. вис. | 1.916 м [1] |
Координати | 10°49′48″N 85°19′26″W [1] |
Географија | |
Место | Гванакасте, Костарика |
Геологија | |
Вид | сложен вулкан |
Последен избув | 3 октомври 2017 |
Затвори
Ринкон де ла Вјеха се наоѓа на 1.916 метри надморска височина, а нејзиниот врв е највисока точка во Националниот парк Ринкон де ла Вјеха. Неодамна избувнал во септември 2011 година. Вулканот има голем број на фумароли и топли извори на своите падини. Тој бил формиран од фелсична лава.
Ринкон де ла Вјеха е еден од шесте активни вулкани во Костарика: другите се Поас, Ирасу, Мираваљес, Аренал и Туриалба.
Од 2017 година, единствено Ринкон де ла Вјеха и Поас се сметаат за активни.