Риген
остров во Германија / From Wikipedia, the free encyclopedia
Риген (германски: Rügen; исто така латински: Rugia) — најголем остров по површина во Германија.[2] Се наоѓа близу померанскиот брег на Балтичкото Море и припаѓа на сојузната покраина Мекленбург-Западна Померанија.
Карта на Риген | |
Географија | |
---|---|
Место | Балтичко Море |
Површина | 926,4 км2[1] |
Должина | 51,4 км |
Ширина | 42,8 км[1] |
Брегова линија | 574 км |
Највисоко издигнување | 161 м[1] |
Највисока точка | Пикберг[1] |
Управување | |
Покраина | Мекленбург-Западна Померанија |
Округ | Западна Померанија-Риген |
Демографија | |
Население | 77.000[1] (2006) |
Густина | 79 /km2 (205 /sq mi) |
„Портата“ кон островот Риген е ханзеатскиот град Штралзунд, каде е поврзан со копното со патна и железничка врска преку Ригенскиот мост, мост кој го преминува двакилометарскиот широк проток Штрелазунд.
Риген има максимална дожина од 51,4 километри (од север кон југ), максимална широчина од 42,8 километри на југ и површина од 926 км². Брегот се одликува со бројни песочни плажи, лагуни (bodden; плитки води) и отворени заливи (Wieke), како и голем број полуострови и ’ртови. Во јуни 2011, УНЕСКО му го доделил статусот на светко културно наследство на Националниот парк Јазмунд, познат по бескрајните плажи и кредестите карпи како Кенигсштул (Königsstuhl), главна знаменитост на островот Риген.[3]
Островот Риген е дел од округот Западна Померанија-Риген, чие окружно седиште се наоѓа во Штралзунд. До административната реформа во 2011 постоел истоимен округ со седиште во градот Берген. Други градови на островот се Засниц, Путбус и Гарц. Покрај нив постојат неколку балтички приморски одморалишта: Бинц, Бабе, Герен, Зелин и Тисов.
Риген е многу омилен како туристичко одредиште, поради неговата бањска архитектура, разновидниот пејзаж и неговите долги и песочни плажи.