Револуција на достоинството
From Wikipedia, the free encyclopedia
Револуција на достоинството (украински: Революція гідності ) исто така позната како Мајданска револуција или Украинска револуција,[2] — револуција која се случила во Украина во февруари 2014 година [2][1] на крајот на протестите на Евромајдан,[1] кога смртоносни судири меѓу демонстрантите и државните сили во главниот град Киев кулминирале со соборувањето на избраниот претседател Виктор Јанукович и враќањето на Уставот од 2004 година. Тоа, исто така, довело до избувнување на Руско-украинската војна.[1][2]
Револуција на достоинството | |||
---|---|---|---|
Дел од Евромајдан | |||
Демонстранти кои се борат против владините сили на Плоштадот на независноста на 18 февруари 2014 година. | |||
Датум | 18–23 февруари 2014[1][2] (5 денови) | ||
Место | Украина (главно во Киев) | ||
Цели |
| ||
Начини | Протестирање, бунт, граѓанска непослушност, востание | ||
Исход | Евромајдан / победа на опозицијата
Целосни резултати
| ||
Страни во судирот | |||
| |||
Предводници | |||
| |||
Број | |||
Настрадани | |||
Во ноември 2013 година, започнал бран од големи протести (познати како Евромајдан) како одговор на ненадејната одлука на претседателот Јанукович да не потпише договор за политичко асоцијација и слободна трговија со Европската Унија (ЕУ), наместо да избере поблиски врски со Русија. Претходно таа година, Врховната Рада (украинскиот парламент) со големо мнозинство го одобрил финализирањето на договорот со ЕУ.[26] Русија извршила притисок врз Украина да го отфрли.[27] Опсегот на протестите се прошириле, со повици за оставка на Јанукович и владата на Азаров.[28] Демонстрантите се спротивставиле на она што го гледале како широко распространета владина корупција и злоупотреба на власта, влијанието на олигарсите, полициската бруталност и кршењето на човековите права.[29][30] Репресивните закони против протестите поттикнале дополнителен гнев.[29] Голем, забарикадиран протестен камп го окупирал Плоштадот на независноста во центарот на Киев за време на востанието.
Во јануари и февруари 2014 година, судирите во Киев меѓу демонстрантите и специјалната полиција за немири Беркут резултирале со смрт на 108 демонстранти и 13 полицајци,[20] и ранети многу други. Првите демонстранти биле убиени во жестоки судири со полицијата на улицата Хрушевски на 19-22 јануари. По ова, демонстрантите ги окупирале владините згради низ целата земја, а владата на Азаров поднела оставка. Најсмртоносните судири биле на 18-20 февруари, во кои било забележано најтешкото насилство во Украина откако таа ја вратила независноста.[31] Илјадници демонстранти напредувале кон парламентот, предводени од активисти со штитови и шлемови, а врз нив пукале полициски снајперисти.[20] На 21 февруари, Јанукович и парламентарната опозиција потпишале договор за донесување привремена влада на единство, уставни реформи и предвремени избори.[32] Полицијата го напуштила центарот на Киев тоа попладне и демонстрантите ја презеле контролата. Јанукович побегнал од градот истата вечер.[33]
Следниот ден, 22 февруари, украинскиот парламент гласал за смена на Јанукович од функцијата со 328 спрема 0 (околу 73% од 450 членови на парламентот).[34][35][36] Јанукович тврдел дека ова гласање е нелегално и побарал помош од Русија.[37] Русија ги осудила настаните како „државен удар“. Проруски, контрареволуционерни протести избиле во јужна и источна Украина. Русија го окупирала, а потоа и го анектирала Крим,[38][39] додека вооружените проруски сепаратисти ги зазеле владините згради и ги прогласиле независните држави Доњецк и Луганск, предизвикувајќи ја војната во Донбас.
Парламентот ги вратил амандманите на украинскиот устав од 2004 година.[40] Привремената влада, предводена од Арсениј Јацењук, го потпишал договорот за асоцијација со ЕУ и го распушти Беркут. Петро Порошенко станал претседател по победата на претседателските избори во 2014 година. Новата влада започнала со отстранување на државните службеници поврзани со соборениот режим.[41][42][43] Имало и широко распространета декомунизација (или десоветизација) на земјата.