![cover image](https://wikiwandv2-19431.kxcdn.com/_next/image?url=https://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/3/36/Paris-FR-75-Roland_Garros-2_juin_2014-Nadal-23.jpg/640px-Paris-FR-75-Roland_Garros-2_juin_2014-Nadal-23.jpg&w=640&q=50)
Рафаел Надал
Шпански тенисер / From Wikipedia, the free encyclopedia
Рафаел "Рафа" Надал Парера шпански изговор: [rafaˈel naˈðal paˈɾeɾa]; роден на 3 јуни 1986) е шпански професионален тенисер моментално рангиран на 2. место на АТП листата. Тој е познат како најдобриот играч на земјена подлога во историјата [2][3][4][5][6] и поради тоа е именуван како "Крал на Земјината подлога."[7][8][9][10][11][12] Покрај земјата, тој е подеднакво добар и на останатите подлоги, и поради тоа се смета за еден од најдобрите сестрани играчи во историјата на тенисот,[13][14][15][16][17][18][19][20] и според многумина – вклучувајќи го и поранешниот Светски бр. 1. Андре Агаси – најдобар тенисер на сите времиња.[21][22][23]
![]() Рафаел Надал на Отвореното првенство на Франција 2014 | |
Земја | ![]() |
---|---|
Место на живеење | Манакор, Балеарски Острови, Шпанија |
Роден на | 3 јуни 1986(1986-06-03) (38 г.) |
Роден во | Манакор, Балеарски Острови, Шпанија |
Спорт | ![]() |
Висина | &100000000000001850000001,85 м |
Професионалец | 2001 |
Игра со | • лева рака • дворачен бекхенд |
Тренер(и) | Тони Надал (1990—) Карлос Моја (2017-) |
Заработка | $ 100,564,598 |
Веб-сајт | rafaelnadal.com |
Победи-порази | 903-187 |
Титули | 79 |
Највисок пласман | Бр. 1 (18 август 2008) |
Сегашен пласман | Бр. 2 (14 јуни 2018)[1] |
Австралијан Опен | W (2009) |
Ролан Гарос | W (2005, 2006, 2007, 2008, 2010, 2011, 2012, 2013, 2014, 2017, 2018) |
Вимблдон | W (2008, 2010) |
УС Опен | W (2010, 2013, 2017) |
Други турнири | |
Мастерс куп | F (2010, 2013) |
Олимписки игри | ![]() |
Победи-порази | 116–67 |
Титули | 9 |
Највисок пласман | Бр. 26 (8 август 2005) |
Сегашен пласман | - |
Австралијан Опен | 3R (2004, 2005) |
Вимблдон | 2R (2005) |
УС Опен | SF (2004) |
Ажурирано на: 18 јуни 2018. |
Олимписки медали | ||
Натпреварувач за ![]() | ||
---|---|---|
Машки Тенис | ||
![]() | 2008 Пекинг | поединечно |
Надал има освоено 17 Гренд слем титули, олимписко злато во поединечна конкуренција, рекордни 27 титули од АТП Мастерс 1000 серијата[24][25][26] и рекордни 15 титули од АТП 500 серијата. Тој исто така бил дел од победничкиот шпански дејвис куп тим во 2004, 2008, 2009 и 2011. Во 2010, тој станал седмиот тенисер во историјата и најмладиот од четворицата во Опен ерата кој ги освоил сите четири Гренд слем турнири. Тој е вториот тенисер, по Андре Агаси, кој успеал да стигне до златен слем во кариерата. Во 2011, Надал ја добил наградата светски спортист на годината.[27]
Надал и Матс Виландер се единствените двајца играчи во историјата кои освоиле барем две Гренд слем титули на три подлоги - тврда, земја и трева. Со освојувањето на Отвореното првенство на Франција 2014,[28] Надал станал единствениот тенисер кој на еден Гренд слем турнир успеал да освои девет титули и првиот кој десет години по ред освоил барем една титула, со што го соборил рекордот од осум години на Бјорн Борг, Пит Сампрас, и Роџер Федерер. Исто така тој се израмнил со бројот на освоени Гренд слем титули со Пит Сампрас на второто место зад Роџер Федерер кој има освоено 20 титули. Тој го држи рекордот и за најмногу освоени титули на еден турнир, осум на Мастерсот во Монте Карло.