АТП Мастерс 1000
From Wikipedia, the free encyclopedia
АТП Мастерс 1000 е серија од девет тениски турнири кои се дел од АТП турнејата, одржани годишно низ градови во Европа, Северна Америка и Азија. Серијата ги вклучува најпрестижните тениски турнири во машка конкуренција по четирите Гренд слем турнири и АТП завршниот Мастерс.
Рафаел Надал е рекордер со 27 освоени титули.[1] Браќата Брајан се рекордери со 32 освоени титули во двојки, сите како пар. Ниту еден тенисер досега не успеал да ги освои сите 9 титули. Новак Ѓоковиќ има освоено 8 титули (му недостига титулата од Синсинати), а Андре Агаси, Роџер Федерер, и Рафаел Надал освоиле 7 од 9 титули. Сепак, во двојки, Даниел Нестор и браќата Брајан ги имаат освоено сите 9 титули низ нивните кариери. Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал се рекордери со 5 освоени титули во една сезона. Во двојки, Боб и Мајк Брајан во 2014 година освоиле 6 титули.
Сите Мастерс турнири се играат во два добиени сета.