Ратко Јанев
From Wikipedia, the free encyclopedia
Ратко Јанев (р. 30 март 1939 , Свети Врач, Пиринска Македонија—31 декември 2019 , Белград, Република Србија) — македонски атомски физичар, член на МАНУ. Гимназија завршил 1957 г. во Скопје, а 1963 г. дипломирал на Електротехничкиот факултет (група техничка физика) на Универзитетот во Белград. Постдипломските студии ги завршил во 1965 г. на Природно-математичкиот факултет, и потоа се вработил во Институтот за јадрени науки Борис Кидрич во Винча. Од 1966 до 1967 г. се наоѓа на специјализација на Ленинградскиот државен универзитет, каде што работел на својата докторска дисертација „Процеси на електронскиот зафат во бавните атомски судири“ која ја одбранил 1968 г. на Природно-математичкиот факултет во Белград.
Ратко Јанев | ||
Роден | 30 март 1939
Свети Врач (денес Сандански), Царство Бугарија; (Пиринскиот дел на Македонија) | |
---|---|---|
Починал | 31 декември 2019(2019-12-31) (возр. 80) Белград, Србија | |
Занимање | јадрен физичар, професор |
Работи како научен советник во Институтот за јадрени науки „Борис Кидрич“ во Винча од 1981 г. Од 1969 г. држи курсеви на постдипломските студии на ПМФ во Белград (Отсек за теориска физика), а 1970-73 г., а држел предавања по атомска физика на ПМФ во Скопје. Како професор-гостин држел предавања на повеќе европски и американски универзитети.