поим во астрономијата / From Wikipedia, the free encyclopedia
Растројување — сложеното движење на масивно тело подложно и на други сили покрај гравитациското привлекување на друго масивнотело.[1] Другите сили може да се предизвикани од трето (четврто, петто, итн.) тело, отпорот, како што е оној на атмосферата, или привлекувањето вон центарот на сплоснато иили некое друго неправилно тело.[2]
Растројните сили на Сонцето кои влијаат на Месечината на две места во нејзината орбита. Сините стрелки ја прикажуваат насоката и големината на гравитациската сила на Земјата. Применувајќи го ова на местоположбите на Земјата и на Месечината не се предизвикува промена во положбата релеативно меѓусебно. Кога ќе се одземе од силата на Месечината (црни стрелки), она што пресостанува е растројната сила (црвени стрелки) на Месечината релативно кон Земјата. Бидејќи растројната сила е со спротивна насока и големина од спротивните страни на орбитата, предизвикува промена во обликот на орбитата.