Радебојл

From Wikipedia, the free encyclopedia

Радебојлmap

Радебојл (германски: Radebeul) — град во долината на реката Елба, во округот Мајсен, во сојузната покраина Саксонија, Германија, во близина на Дрезден. Добро е познат по неговото лозарство, музејот посветен на писателот Карл Мај и железничката линија на тесен колосек, која го поврзува Радебојл со замокот Морицбург и градот Радебург. Областа Мајсен, каде се наоѓа Радебојл, е една од најсеверните области, каде се одгледува винова лоза.

Кратки факти Земја, Местоположба на градот Радебојл во рамките на округот Мајсен ...
Радебојл
Thumb
Замок Вакербарт
Замок Вакербарт
Thumb
Thumb
Радебојл
Управа
Земја Германија
ПокраинаСаксонија
ОкругМајсен
ГрадоначалникБерт Вендше
Основни податоци
Површина26,06 км2
Надм. височина101 - 256 м
Население 33.843 (31 декември 2020)[1]
 - Густина1.299 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл.MEI
Пошт. бр.01435-01445
Повик. бр.0351
Порталwww.radebeul.de
Местоположба на градот Радебојл во рамките на округот Мајсен
Thumb
Карта
Координати51°06′N 13°39′E
Затвори

Понекогаш е нарекуван „Саксонскиот Убавец“ поради неговата убава околина и свежа клима.

Историја

Селото Радебојл било првпат споменато во 1349. Во 1905 кон него било припоено селото Зерковиц. На 1 април 1934, Радебојл станал град. Во меѓувреме, кон соседното село Кеченброда било додадено селото Линденау во 1920 и Наундорф, Цичевиц и Нидерлесниц во 1924, кога бил прогласен за град. Во 1934, Вансдорф и Оберлесниц му се приклучиле на Радебојл, а на 1 јануари 1935, градовите Кеченброда и Радебојл биле обединети под името Радебојл („Kötzschenbroda“ има словенско потекло, ова име било сметано за премногу „негерманско“ во тоа време). Во 1947 Радебојл станал дел од округот Дрезден. Во 1995 го добил статусот на главен град во руралниот округ (große Kreisstadt); кога руралниот округ на Дрезден (Dresden-Land) бил распуштен, Радебојл станал дел од округот Мајсен.

Сообраќај

До градот може да се дојде со трамвајската линија 4 на Дрезденското сообраќајно претпријатие или со линијата С1 на дрезденската С-Железница, која опслужува четири станици во Радебојл. Регионалните возови 18 и 50 на Германските железници, исто така, застануваат на источната железничка станица Радебојл. Оваа станица е терминал и на железницата на тесен колосек Радебојл-Радебург, која е близу музејот на Карл Мај.

Главни знаменитости

Thumb
Древна винска преса во замокот Хофлесниц во Радебојл

Радебојл бил познат по неговите лозја од 1324. Се наоѓа на саксонската винска патека.

Театар

  • Покраинска бина Саксонија (Landesbühnen Sachsen)

Музеи

  • Музеј Карл Мај
  • Градска галерија Радебојл (Stadtgalerie Radebeul)
  • Hoflössnitz Stiftung Weingutmuseum
  • Volkssternwarte „Adolph Diesterweg“
  • "Zeitreise" Interessantes zur DDR-Zeit

Редовни настани

  • годишниот Karl-May-Fest на викендот Спасовден
  • годишниот Radebeuler Grafikmarkt, кој се одржува секоја есен
  • годишниот Spitzhaustreppenlauf - трка по 397-те скали во Spitzhaus
  • годишниот Двоен маратон Монт Еверест - вклучува искачување и симнување по скалите стопати - вкупно 39.700 чекори: двојно повеќе од растонието на маратон и висина на Монт Еверест (може да се настапи поединечно или во тимови од 3 или 10)

Меѓународни односи

Радебојл е збратимен со следниве градови:

Наводи

Надворешни врски

Wikiwand in your browser!

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.

Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.