Претседателски избори во САД (2016)
избори за претседател на САД одржани во 2016 г. / From Wikipedia, the free encyclopedia
Претседателски избори во САД, 2016 — 58. претседателски избори во САД одржани на 8 ноември 2016 година. Републиканскиот кандидат за претседател Доналд Трамп како и кандидатот за потпретседател и гувернер на Индијана, Мајк Пенс издвоиле победа над кандидатот за претседател и поранешен државен секретар на САД од редовите на Демократската партија, Хилари Клинтон и поранешниот сенатор од Вирџинија и кандидат за потпретседател Тим Кејн. Трамп и Пенс стапиле на функциите претседател односно потпретседател на САД 20 јануари 2017 година на инаугурацијата што се одржала во Вашингтон.
| |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
| |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Мапа на резултатите по сојузна држава. Црвената боја ги означува сојузните држави каде што победил Трамп, додека сината ги означува сојузните држави каде што победила Клинтон. Бројките го означуваат бројот на добиени изборни гласови распределени на победникот во секоја држава. „безнадежните изборни гласови“ биле за Колин Пауел (3), Џон Кејсик, Рон Пол, Берни Сандерс и Забележаниот Орел освоиле по еден изборен глас.[4]. | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
| |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Гласачите ги бирале членовите на Изборниот колегиум во секоја држава, во најголемиот број на случаи според мнозинскиот метод т.н. „победникот освојува се“ (англиски: winner-takes-all), а потоа избирачите гласале за новиот претседател и потпретседател на 19 декември 2016 година. Трамп го освоил потребното мнозинство за стапување на функцијата претседател освојувајќи мнозинство на гласови во 30 сојузни држави со вкупен број од 306 ветени избирачи од вкупните 538.[б 1] Неговата победа не била предвидена од поголемиот број на медиуми и изборни прогнози. Хилари Клинтон освоила околу 2,9 милиони гласови повеќе на национално ниво, односно со разлика од 2.1% од вкупниот број на гласови.
На гласањето на Изборниот колегиум на 19 декември имало 7 изборни гласови против кандидатот за кои избирачите се избрани да гласаат или таканаречени „безнадежни избирачи“, односно, 2 изборни гласови против Трамп и 5 против Клинтон. Дополнителни 3 избирачи се обиделе да гласаат против Клинтон но биле заменети или натерани да гласаат повторно. На крајот, Трамп добил 304 изборни гласови додека Клинтон добила 227. Колин Пауел освоил 3 изборни гласови, а Џон Кејсик, Берни Сандерс и Вера Забележаниот Орел по еден изборен глас.
Трамп е 5. кандидат за претседател во историјата на САД кој бил избран покрај тоа што загубил на народното гласање.[5][6][7] Трамп е биде првиот американски претседател без никаква претходна воена или јавна функција, додека Клинтон стана првата жена кандидат за претседател номинирана од страна на голема политичка американска партија.