45-ти претседател на САД From Wikipedia, the free encyclopedia
Доналд Џон Трамп (англиски: Donald Trump, роден на 14 јуни 1946 ) — американски политичар, стопанственик, јавна личност и 45. Претседател на САД.
Доналд Трамп Donald Trump | |
---|---|
45. Претседател на САД | |
Стапува 20 јануари 2017 | |
Потпретседател | Мајк Пенс |
Претходник | Барак Обама |
Лични податоци | |
Роден(а) | Доналд Џон Трамп 14 јуни 1946 Њујорк |
Партија | Републиканска партија (1987–99, 2009–11, 2012–денес) |
Други припадности |
|
Сопружник |
|
Деца |
|
Родители |
|
Живеалиште | Кула „Трамп“, Њујорк |
Установа | Универзитет Фордхам, Универзитет Пенсилванија |
Занимање | Претседател и извршен директор на конгломератот „Организација Трамп“ |
Потпис | |
Портал | greatagain.gov |
Трамп е роден и израснал во подрачјето Квинс во Њујорк каде што дипломирал економија на факултетот Вартон при универзитетот Пенсилванија во 1968. Во 1971 тој ја презел семејната фирма за недвижности и градежништво „Elizabeth Trump & Son“, која што подоцна се преименила во „Организација Трамп“ (англиски: The Trump Organization), каде што моментално е извршен директор и претседател. За време на неговата деловна кариера, фирмите на Трамп изградиле, реновирале и управувале со голем број на деловни згради и простории, хотели, казина и терени за голф. Трамп бил сопственик на Мис САД и Мис Универзум од 1996 до 2015. Доналд Трамп исто така го користи своето презиме со цел да брендира голем број различни производи. Во 2004 година, тој станал водител на Чирак (англиски: The Apprentice),[3] реалити шоу кое што се емитувало на телевизијата NBC од 2004 до 2015 година (сè уште се прикажува како извршен директор на шоуто). Во 2016, Форбс го поставил Трамп како 324. најбогат човек во светот (113. во САД) со богатство од 4,5 милијарди долари.
Трамп своевремено бил кандидат на внатрепартиските избори во Реформската партија во 2000 година, но се повлекол пред да започне гласањето.[4][5][6] Тој исто така сакал да се кандидира на претседателските избори во 2012 како кандидат на Републиканската партија, но на крајот се одлучил да не се кандидира.[7][8] Во јуни 2015 година, тој го најавил своето кандидирање за претседателските избори во 2016,[9][10] и набргу станал фаворит помеѓу 17. останати кандидати од Републиканската партија.[11] Неговите главни соперници ги откажале своите кампањи во мај 2016, и во јули тој формално бил номиниран за републикански кандидат за претседател на републиканската конвенција. Кампањата на Доналд Трамп добила голема медиумска покриеност како и меѓународно внимание. Голем број од неговите изјави и интервјуа, на друштвените мрежи и на неговите митинзи биле контроверзни.[12][13][14] Бројни протести против Трамп се случиле по изборите.
Трамп победил на претседателските избори на 8 ноември 2016, освојувајќи мнозинство во американскиот изборен колегиум,[15] и покрај тоа што добил помалку гласови на народното гласање на национално ниво од кандидатот на Демократската партија, Хилари Клинтон.[16] На полни 70 години, Трамп стана најстариот и најбогатиот човек што станал претседател на САД, надминувајќи ги Роналд Реган и Џорџ Вашингтон. Тој исто така е единствениот човек во историјата на САД кој ќе биде избран за претседател, а кој притоа не вршел никаква претходна воена или друга јавна дејност.
Платформата на Трамп нагласува одново преговарање на полето на односите помеѓу САД и Кина како и договорите за слободна трговија како што се НАФТА и Транстихоокеанскиот договор, спроведување на значителен број на имиграциони закони, и изградба на ѕид долж границата помеѓу САД и Мексико. Неговите други позиции се обидот за енергетска независност на САД, заменување на Реформата за здравствено осигурување и заштита на пациенти (популарно позната како Obamacare, македонски изговор: Обамакер),[17] укинување на образовната иницијатива за стандардот Common Core (македонски изговор: Комон Кор), инвестирање во инфраструктурата, поедноставување на даночните закони како и намалување на даноците воопшто и наметнување на тарифи за увезените производи на американските претпријатија кои имаат погони надвор од САД. Трамп се залага за неинтервенционистички пристап во полето на надворешните работи, во меѓувреме зголемувајќи ги трошоците за воена опрема, темелна проверка на муслиманите со цел спречување на исламскиот тероризам[18][19][20] како и агресивна воена акција против ИСИЛ. Позициите на Трамп на одредени теми се опишани од страна на експертите како популистички, протекционистички и националистички.[21][22][23]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.