Мајкл Ричард МајкПенс (роден на 7 јуни 1959) — американски политичар, поранешен гувернер на Индијана и поранешен потпретседател на САД.

Кратки факти Мајк ПенсMike Pence, 48ми Потпретседател на САД ...
Мајк Пенс
Mike Pence
Thumb
48ми Потпретседател на САД
На должноста
20 јануари 2017  20 јануари 2021
Претседател Доналд Трамп
Претходник Џо Бајден
Наследник Камала Харис
50ти Гувернер на Индијана
На должноста
14 јануари 2013  9 јануари 2017
Намесен управник Сју Елсперман
Ерик Холкомб
Претходник Мич Даниелс
Наследник Ерик Холкомб
Член на Претставнички дом на САД од Индијана
На должноста
3 јануари 2001  3 јануари 2013
Претходник Дејвид Мекинтош
Наследник Лук Месер
Изборна единица Втор дистрикт (2001–2003)
Шести дистрикт (2003–2013)
Претседавач на домот на републиканската конференција
На должноста
3 јануари 2009  3 јануари 2011
Водач Џон Бонер
Претходник Адам Путнам
Наследник Џеб Хенсарлинг
Лични податоци
Роден(а) Мајкл Ричард Пенс
7 јуни 1959(1959-06-07)(65 г.)
Колумбо, Индијана, САД
Партија Републиканска партија (1983-сега)
Други припадности Демократска партија (1977-1983)
Сопружник Карен Бејтен (в. 1985)
Деца 3
Живеалиште Кармел, Индијана, САД
Установа Колеџ Хановер (Диплома за уметности)
Правен факултет Роберт Х. Мекини, Универзитет Индијана (докторат)
Потпис Thumb
Затвори

На функција потпретседател на САД стапува на 20 јануари 2017 година и завршува на 20 јануари 2021 година.. Пред извршување на функцијата потпретседател, Мајк Пенс бил 50-ти гувернер на државата Индијана во периодот од 2013 до 2017 година. Исто така тој бил и член на Претставничкиот дом на САД од 2001 до 2013.

Пораснат во Колумбо, Индијана, дипломирал на Универзитетот во Индиана (Robert H. McKinney School of Law). По завршувањето на високото образование тој ја започнува својата политичка кариера. По губењето на двете шанси за да добие место во Американскиот конгрес (1988 и 1990), тој станува водител на конзервативна радио-тв програма од 1994 до 1999 година. Подоцна во 2000 година Пенс ќе биде избран во Американскиот конгрес и таму ќе ja претставува неговата држава Индијана (2-ра област) и 6-та област во Претставничкиот дом на САД во период од 2001 до 2013 година. Тој ќе биде и претседател на Републиканската конференција (2009 до 2011)[1]. Мајк Пенс важи за „принципиелен конзервативен политичар‘‘ и поддржувач на конзервативното ‚‚Tea Party‘‘ движење[2], наведувајќи постојано дека тој е ‚‚христијанин, конзервативец и републиканец, по овој редослед‘‘[3].

Откако станува Гувернер на Индијана, јануари 2013 година, Пенс го иницира најголемото даночно намалување во историјата на државата Индијана и поттикнува зголемување на средствата за нови иницијативи во образованието.

Мајк Пенс е познат во јавноста и како голем противник на абортусот и правата на ЛГБТ. Со потпишувањето на Законот за верски слободи(Religious Freedom Restoration Act), тој ќе наиде на силен притисок од страна на некои членови на неговата партија, деловната заедница и лгбт кои ќе сметаат дека со тој закон се дискриминираат правата на геј популацијата. Кратко потоа, тој ќе потпише закон со кој се забранува дискриминација врз основа на сексуалната ориентација, родов идентитет и други основи[4].

На 8 ноември 2016 година, Пенс беше избран за потпретседател, откако во јули ја напуштил својата кампања за гувернаторски реизбор во Индијана. Тој во својство на кандидат за потпретседател на државата заедно со тогашниот кандидат-претседател Доналд Трамп трчаа да ги добијат Претседателските избори во САД (2016) и со тоа да ги освојат двете највисоки функции во САД, Претседател на Соединетите Американски Држави (Д.Т) и Потпретседател на Соединетите Американски Држави (Мајк Пенс). На тие избори нивен против кандидат беше Хилари Клинтон[5].

Thumb
Мајк Пенс и неговата сопруга Керен

Наводи

Wikiwand in your browser!

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.

Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.