From Wikipedia, the free encyclopedia
Покраините и териториите на Канада се првостепени административни единици во земјата. Постојат 10 покраини и 3 територии. Главната разлика помеѓу нив е во тоа што покраините имаат своја самобитност, додека пак териториите ѝ се потчинети непосредно на сојузната влада. Покраините се сметаат за косуверени делови, секоја со своја „Круна“, која ја претставува намесен гувернер (lieutenant-governor). Териториите не се суверени, туку претставуваат обични делови од државата. На чело на секоја територија стои комесар (commissioner).
Десетте покраини се Алберта, Британска Колумбија, Квебек, Манитоба, Нова Шкотска, Њу Бранзвик, Њуфаундленд и Лабрадор, Онтарио, Островот Принц Едвард и Саскачеван. Трите територии се Јукон, Нунавут и Северозападните Територии.
Знаме | Грб | Покраина | Пошт. кратенка |
Главен град | Најголем град | Стапила во сојуз | Население[1] | Површина: земја (км2) | Површина: вода (км2) | Површина: вкупна (км2) | Службен јазик | Сојузен парламент: Општински пратеници | Сојузен парламент: Сенатори |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Онтарио | ON | Торонто | Торонто | 1 јули 1867 | 12.851.821 | 917.741 | 158.654 | 1.076.395 | англискиА | 106 | 24 | ||
Квебек | QC | Квебек | Монтреал | 1 јули 1867 | 7.903.001 | 1.356.128 | 185.928 | 1.542.056 | францускиБ | 75 | 24 | ||
Нова Шкотска | NS | Халифакс | ХалифаксВ | 1 јули 1867 | 921.727 | 53.338 | 1.946 | 55.284 | англискиГ | 11 | 10 | ||
Њу Бранзвик | NB | Фредериктон | Сент Џон | 1 јули 1867 | 751.171 | 71.450 | 1.458 | 72.908 | англискиД францускиД |
10 | 10 | ||
Манитоба | MB | Винипег | Винипег | 15 јули 1870 | 1.208.268 | 553.556 | 94.241 | 647.797 | англискиА, Ѓ | 14 | 6 | ||
Британска Колумбија | BC | Викторија | Ванкувер | 20 јули 1871 | 4.400.057 | 925.186 | 19.549 | 944.735 | англискиА | 36 | 6 | ||
Остров Принц Едвард | PE | Шарлоттаун | Шарлоттаун | 1 јули 1873 | 140.204 | 5.660 | 0 | 5.660 | англискиА | 4 | 4 | ||
Саскачеван | SK | Реџина | Саскатун | 1 септември 1905 | 1.033.381 | 591.670 | 59.366 | 651.036 | англискиА | 14 | 6 | ||
Алберта | AB | Едмонтон | Калгари | 1 септември 1905 | 3.645.257 | 642.317 | 19.531 | 661.848 | англискиА | 28 | 6 | ||
Њуфаундленд и Лабрадор | NL | Сент Џонс | Сент Џонс | 31 март 1949 | 514.536 | 373.872 | 31.340 | 405.212 | англискиА | 7 | 6 |
Белешки:
Канада има три територии. За разлика од покраините, териториите немаат сопствена самобитност, туку само овластувањата што им ги дава сојузната влада.[2][3][4] Териториите ја опфаќаат сета копнена Канада северно од 60° СГШ и западно од Хадсоновиот Залив, како и сите острови северно од континентална Канада (од оние во Џејмсовиот Залив, па сè до канадските арктички острови). На табелата, териториите се наведени по првенство (секоја покраина има првенство над териториите, без оглед на тоа кога се создадени).
Знаме | Грб | Територија | Пошт. кратенка |
Главен и најголем град | Стапила во сојуз | Население | Површина: земја (км2) | Површина: вода (км2) | Површина: вкупно (км2) | Службени јазици | Сојузен парламент: Општински пратеници | [Сојузен парламент: Сенатори |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Северозападни Територии | NT | Јелоунајф | 15 јули 1870 | 41.462 | 1.183.085 | 163.021 | 1.346.106 | чипевјански, кри, англиски, француски, гвичински, инуинактун, инуктитут, инувијалучки, севернослејвиски, севернослејвиски, догрипски[5] | 1 | 1 | ||
Јукон | YT | Вајтхорс | 13 јуни 1898 | 33.897 | 474.391 | 8.052 | 482.443 | англиски француски |
1 | 1 | ||
Нунавут | NU | Икалуит | 1 април 1999 | 31.906 | 1.936.113 | 157.077 | 2.093.190 | инуинактунски, инуктитутски, англиски, француски |
1 | 1 |
Белешка: Нунавут и Јукон се создадени со одвојување на делови од Северозападните Територии.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.