Пит Таунсенд
From Wikipedia, the free encyclopedia
Питер Денис Таунсенд (анг: Peter Dennis Townshend; роден на 19 мај 1945 г.) ― англиски музичар. Тој бил коосновач, гитарист и главен текстописец на Who, една од највлијателните рок групи од 1960-тите и 1970-тите.[1] [2] Поради агресивниот стил на свирење и иновативните техники на пишување стихови, делата од Таунсенд биле многу фалени од музичките критичари.
Пит Таунсенд | |
---|---|
Пит Таунсенд во 2012 | |
Животописни податоци | |
Родено име | Питер Денис Таунсенд |
Познат(а) и како | Биџу Дрејнс |
Роден(а) | 19 мај 1945(1945-05-19) (78 г.) Чизвик, Англија |
Потекло | London, England |
Жанрови | |
Занимања |
|
Инструменти |
|
Период на активност | 1962–денес |
Издавачи |
|
Мреж. место | thewho.com |
Таунсенд напишал преку 100 песни за 12-те студиски албуми на Who. Меѓу нив се концептуални албуми, рок оперите Tommy (1969) и Quadrophenia (1973), како и популарниот рок радиски запис Who's Next (1971); и уште десетици други песни објавени како синглови без албуми, бонус песни на реизданија и песни на компилации, како Odds&Sods (1974). Тој, исто така, напишал над 100 песни за неговите соло албуми, како и радио џинглови и телевизиски тематски песни.
Иако најмногу е познат како гитарист, Таунсенд свири и клавијатури, бенџо, хармоника, усна хармоника, укулеле, мандолина, виолина, синтисајзер, бас гитара и тапани; тој е самоук на сите овие инструменти, а свири на свои соло албуми, неколку албуми од Who и како гостин соработник на многу музички записи од други уметници. Таунсенд, исто така, придонел и напишал многу написи во весници и списанија, рецензии за книги, есеи, книги и сценарија, а соработувал како текстописец и композитор за многу други музички дела.
Во 1983 година, Таунсенд ја доби наградата Брит за животно дело, а во 1990 година како член на Who бил примен во Куќата на славата на рокенролот. Таунсенд се нашол на трето место на листата за најдобри гитаристи The New Book of Rock Lists составена од Дејв Марш во 1994 година.[3] Во 2001 година, како член на Who ја добил наградата Греми за животно дело; а во 2008 година ги добил почестите од Центарот Кенеди . На листата од Gibson.com за 2011 година од 50 најдобри гитаристи, тој бил рангиран на 10-то место,[4] а во 2011 година бил на 10-то место на ажурираната листа од Rolling Stone за 100 најдобри гитаристи на сите времиња.[5] На 21 мај 2016 година, тој и Роџер Далтри ја добиле наградата Џорџ и Ира Гершвин за животно дело во музиката. [6]