Мандолина
From Wikipedia, the free encyclopedia
Мандолината (италијански mandolino-мал бадем), е трзачки инструмент кој се појавил во XVI век во Италија. Набргу станува популарен инструмент во фолклорот на многу земји. Формата на мандолината е слична на лејтата, но има подолг врат, а на горниот дел има чивии кои служат за штимање. Најголема примена има наполитанската мандолина со четири дупли жици. Тонот се добива со повлекување на двете жици одеднаш, со трзалка, со брзо движење на десната рака нагоре-надолу. Металните жици произведуваат јасен, ѕвонлив и милозвучен звук. Овој инструмент може да биде солистички,камерен и оркестарски. Освен во фолклорот, се применува и во уметничката музика: Вивалди-Концерт на мандолина, гудачки оркестар и чембало; Моцарт-опера "Дон Жуан"; Бетовен-Сонати и варијации за мандолина. Голема примена има во народните и во училишните оркестри.[1][2] Најпознат мандолински оркестар во Македонија е оркестарот под раководство на Рамадан Шукри:
Предизвик ми е да работам и аранжирам композиции што не се често изведувани,да вметнувам фрагменти од нашиот неисцрпен фолкор.Најмногу узведувам дела што и се познати на публиката и истите ги приспособувам за мандолински оркестар.
![]() A Glenn F5 Fern mandolin | |
Класификација | |
---|---|
жичен инструмент Plucked string instrument | |
Скала | |
Сродни инструменти | |
|