Пи
From Wikipedia, the free encyclopedia
Пи (сим. π), Лудолфов број или Архимедова константа — ирационален реален број, кој го претставува односот на обиколката на една кружница со нејзиниот пречникот во Евклидовата геометрија. Бројот π има широка употреба во математиката, физиката и инженерството, но се употребува и во други науки. Бројот π исто така е познат и како Архимедова константа (што не е исто со Архимедов број) и како Лудолфов број (по германскиот математичар Лудолф ван Цојлен кој го пресметувал на многу децимали). Постојат различни начини за изразување на Архимедовата константа како дропка, еден од кои е дропката 22⁄7. Постојат брзи методи за добивање на бројот π со произволна точност. Неговата приближна вредност на 5 децимали изнесува 3,14159.
- Оваа статија е за бројот. За грчката буква видете пи (грчка буква). За други употреби видете пи (појаснување).