Лудолф ван Цојлен
From Wikipedia, the free encyclopedia
Лудолф ван Цојлен (герм./хол. Ludolph van Ceulen), (28 јануари 1540 – 31 декември 1610 ) бил германски математичар од Хилдесхајм, познат по своите пресметки на бројот π. Како и многумина Германци за време на католичките инквизиции, Цојлен се преселил во Холандија.
Подоцна Цолјен се преселил во Делфт каде предавал мечувалство и математика. Во 1594 отворил мечувалска школа во Лајден. Во 1600 бил назначен за првиот професор по математика на Лајденскиот универзитет. Починал во Лајден.