![cover image](https://wikiwandv2-19431.kxcdn.com/_next/image?url=https://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/9/95/Paris-Nice_2012.png/640px-Paris-Nice_2012.png&w=640&q=50)
Париз-Ница 2012
From Wikipedia, the free encyclopedia
Париз-Ница 2012 било 70. издание на велосипедската етапна трка Париз-Ница, често позната како Трка на Сонцето. Започнала на 4 март во Дампјер ан Ивлен, а завршила на 11 март во Ница и се состоела од осум етапи, вклучувајќи два хронометри. Таа била втора трка од сезоната на Светската турнеја во 2012.
Светска турнеја на UCI 2012, трка 2 од 28 | |||
![]() | |||
Рутата на Париз-Ница 2012 | |||
Детали за трката | |||
---|---|---|---|
Датум(и) | 4-11 март | ||
Етапи | 8 | ||
Растојание | 1.155,5 км | ||
Време | 28 ч 12 м 16 с (25,457 км/ч) | ||
Добитници на наградите | |||
![]() |
Победник | ![]() |
(Тим Скај) |
Втор | ![]() |
(Вакансолел-ДКМ) | |
Трет | ![]() |
(Мовистар Тим) | |
![]() |
Бодовен | ![]() |
(Тим Скај) |
![]() |
Планински | ![]() |
(Вакансолел-ДКМ) |
![]() |
Младински | ![]() |
(Аксент.џобс-Вилемс Веранда) |
Екипен | Вакансолел-ДКМ | ||
← 2011 2013 → |
Трката ја освоил Британецот Бредли Вигинс од Тим Скај, кој го презел водството на втората етапа од трката и ја носел водачката жолта маичка до крајот, станувајќи првиот британски возач, кој победил на трката од Том Симпсон во 1967.[1] Вигинс исто така ја освоил и зелената маичка за освоените најмногу бодови во текот на етапите на средните спринтови и етапните победи.[2] Вигинс го освоил генералниот пласман со осум секунди разлика пред освојувалот на второто место, Ливе Вестра (Вакансолел-ДКМ), кој бил победник на кралската етапа до Манд.[3] Возачот на Мовистар Тим Алехандро Валверде го завршил подиумот, 62 секунди зад Вестра и 70 секунди зад Вигинс.[3]
Во другите пласмани на трката, Тиџеј ван Гардерен од Аксент.џобс-Вилемс Веранда ја освоил белата маичка за највисоко пласираниот возач, роден во 1987 или подоцна, завршувајќи како петти во генералниот пласман,[4], додека возачот на Вакансолел-ДКМ Фредерик Вешелен го освоил планинскиот пласман.[4] Вакансолел-ДКМ исто така завршил и на чело на екипниот пласман на крајот на тешката недела за тимот, во која нејзините возачи исто така освоил три етапни победи.[4]