американски велосипедист From Wikipedia, the free encyclopedia
Тиџеј ван Гардерен (англиски: Tejay van Garderen; р. 12 август 1988 во Такома, Вашингтон) — поранешен американски професионален друмски велосипедист, кој возел професионално помеѓу 2008-2021 за екипите Рабобанк Континентал Тим, ХТЦ-Хајроад, Ванти-Груп Гобер и ЕФ Едукејшн-Нипо. По неговото повлекување како велосипедист, Ван Гардерен станал спортски директор за UCI World Tour екипата ЕФ Едукејшн-ИзиПост.[2]
Ван Гардерен на Париз-Ница 2013 | ||||||||||||||||||||||||
Лични податоци | ||||||||||||||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Цело име | Тиџеј ван Гардерен | |||||||||||||||||||||||
Роден | 12 август 1988 Такома, САД | |||||||||||||||||||||||
Висина | 1,86 м[1] | |||||||||||||||||||||||
Маса | 72 кг[1] | |||||||||||||||||||||||
Податоци за клубот | ||||||||||||||||||||||||
Мом. клуб | ЕФ Едукејшн-ИзиПост | |||||||||||||||||||||||
Дисциплина | друмски велосипедизам | |||||||||||||||||||||||
Улога |
| |||||||||||||||||||||||
Вид на возач |
| |||||||||||||||||||||||
Аматерски клубови | ||||||||||||||||||||||||
2004–2005 2005–2006 2007 | Рио Гранде Тим 5280 ВМГ Рејсинг/САД Репрезентација | |||||||||||||||||||||||
Професионални клубови | ||||||||||||||||||||||||
2008–2009 2010–2011 2012–2018 2019-2021 | Континентал Рабобанк Тим ХТЦ-Колумбија Аксент.џобс-Вилемс Веранда ЕФ Едукејшн Фирст | |||||||||||||||||||||||
Менаџер на клубови | ||||||||||||||||||||||||
2022– | ЕФ Едукејшн-ИзиПост | |||||||||||||||||||||||
Значајни победи | ||||||||||||||||||||||||
| ||||||||||||||||||||||||
|
Тиџеј ван Гардерен е роден во Такома, Вашингтон, но поголемиот дел неговото детство го поминал во Монтана. Има холандско потекло и прилично добро го говори холандскиот јазик.[3] Започнал да вози на 10 години. Со 14 веќе го искачувал врвот Еванс за околу два часа..[4] Освоил 10 јуниорски национални првенства во друмски велосипедизам (друмска трка, критериум и хронометар) и велокрос.[5] Две од неговите рани екипи биле Тим Рио Гранде (2004–2005)[6] и Тим 5280 (2005–2006, сега дел од Гармин-Сервело)[7]
Прва голема сениорска трка на Ван Гардерен била на 18 години на Трката околу Калифорнија 2008, како дел од репрезентацијата. Ја напуштил трката на етапата 4.[8] Тој возел во САД и Европа во 2007 и завршил 20. на Тур де л’Авенир.
Ван Гардерен му се придружил на Рабобанк Континентал во 2008. Живеел во Холандија и бил втор на Флеш ду Суд и Сиркуто Монтањес. Освоил етапа на Тур де л’Авенир и дошол 24. на Светското друмско првенство за под 23 години во Варезе, Италија.
Ван Гардерен имал високи очекувања за Тур де л’Авенир во 2009. Двајца француски возачи, вклучувајќи го фаворитот, Ромен Сикар, оствариле голема разлика од 1 и пол минута од главната група на првата етапа. Ван Гардерен бил втор во генералниот пласман на една етапа до крајот. Ромен Сикар бил сигурен за победа, но бил казнет 2 минути за недозволена промена на велосипедот и неговото водство паднало на само 1 секунда, но доволно да го задржи Ван Гардерен од неговата најголема победа во неговата кариера.
Ван Гардерен му се приклучил на Тим ХТЦ-Колумбија следната година.[9]
Ван Гардерен дошол во екипата со најмногу победи во 2009, благодарение на спринтерите Марк Кевендиш и Андре Грајпел. Завршил 9. на неговата прва етапна трка, Волта ао Алгарве, искачувајќи се 5. на етапата до врвот Алто до Малхао. На Трката околу Турција, дошол втор на две етапи и втор во генералниот пласман, 29 секунди зад Џовани Висконти.
Ван Гардерен го поддржувал водачот Мајкл Роџерс на 6. и 8. етапа на Трката околу Калифорнија. Завршил 28. во генералниот пласман, додека Роџерс ја освоил трката.
Ван Гардерен го започнал Критериум ду Дофине 2010 како заеднички водач на ХТЦ-Колумбија со Канстанцин Сивцов и Петер Велитс. Откако скоро го изненадил Алберто Контадор на прологот, тој стигнал до четвртото место на хронометарот на етапата 3 и се поместил до второто место во генералниот пласман. Сепак, изгубил време на планинските етапи и завршил трет.
Ван Гардерен возел силно на Вуелта а Еспања, имајќи две многу силни недели на трката. Потоа, паднал малку во формата, но сè уште бил вреден помагач на Петер Велитс, кој дошол до третото место во генералниот пласман на трката.
Во 2011 година, Ван Гардерен бил втор на етапата 3 на Волта ао Алгарве[10] и втор на воведниот хронометар на Тур де Свис (зад Фабијан Канчелара).[11] Неговата силна форма на Трката околу Калифорнија му ја донела маичката за најдобар млад возач. Тој бил дел од составот за Тур де Франс 2011. Ова бил негов прв Тур де Франс и тој возел во корист на Тони Мартин и Петер Велитс.[12] На осмата етапа, Ван Гардерен освоил доволно бодови на искачувањето од втора категорија за да ја заработи маичката во планинскиот пламсман и наградата за најборбен возач. Тој бил првиот Американец, кој ја облекол точкестата маичка во историјата на Тур де Франс (Грег Лемон кратко водел во планинскиот пласман во текот на Тур де Франс 1986, но бидејќи исто така бил и водач во генералниот пласман, тој не ја носел маичката). во текот на драматичната етапа 8, тој бил наречен „Bozeman Boss“ од коментаторот Фил Лигет[13] На Трката околу Јута, Ван Гардерен го освоил хронометарот на третата етапа.[14]
Откако ХТЦ-Хајроад бил распуштен, Ван Гарден му се приклучил на Аксент.џобс-Вилемс Веранда заедно со неговиот колега од ХТЦ Марко Пиноти.[15] Ван Гардерен ја освоил маичката во пласманот за млад возач на Париз-Ница во почетокот на март,[16] носејќи ја маичката целата трка.
Ван Гардерен бил избран за Тур де Франс како еден од главните помошници за бранителот на титулата од претходната година, Кедел Еванс. Во првата недела возел одлично, доаѓајќи на четвртото место на прологот и носејќи ја белата маичка - за најдобро пласиран возач под 25 години во генералниот пласман - до етапата 7, кога загубил малку време на првата завршница на врв на Тур. Повторно се здобил со маичката по четвртото место на етапата 9, поединечен хронометар. На етапата 11, Ван Гардерен се обидел да му помогне на Еванс со неуспешен долг напад и се покажал посилен тој ден, наметнувајќи силно темпо на завршното искачување. На крајот завршил на петтото место во генералниот пласман станувајќи третиот Американец, кој го освоил пласманот за најдобар млад возач, по Грег Лемонд во 1984 и Ендру Хемпстен во 1986. Во август, Ван Гардерен завршил втор на САД Про Сајклинг Челинг 2012 зад Кристијан Ванде Велде (Гармин-Шарп).[17] Претходно победил на втората етапа на трката во спринтот со Ванде Велде, заработувајќи ја жолтата маичка на трката.[18] Ја предал маичката на неговиот сонародник следниот ден, но ја повратил на етапата 4, за повторно да ја изгуби на етапата 6.
Ван Гардерен ја започна сезоната 2013 со настап на Тур де Сан Луис, каде завршил втор во генералниот пласман. Исто така имал добри резултати на европските велосипедски трки, завршувајќи четвртти на Париз-Ница,[19] и трети на Критериум Интернасионал.[20] Во мај, Ван Гардерен ја освоил првата голема етапна трка во неговата кариера, Трката околу Калифорнија.[21] Возел одлично на сите клучни етапи, завршувајќи втор на втората етапа[22] и освојувајќи го поединечниот хронометар на шестата етапа.[23] Го одбранил водството на седмата етапа, која завршувала на нагорнина.[24] Сепак му недостасувала форма на Тур де Франс 2013, завршувајќи на 45. место.[25] Тиџеј имал добра форма и победил на САД Про Сајклинг Челинџ, кој се одржувал на високи надморски височини низ Колорадо.[26]
Рано во 2014 година ја освоил четвртата етапа на Волта а Каталуња, завршница до скијачкото одморалиште Валтер 2000.[27] На крајот ја завршил трката на третото место, седум секунди зад победникот на трката Хоаким Родригес.[28] Тур де Франс започнала со ридски терен во Јоркшир, каде Ван Гардерен завршил деветти на втората етапа до Шефилд, која ја освоил Винченцо Нибали.[29] Откако изгубил две минути во однос на Нибали на петтата етапа, која вклучувала калдрма – истата не ја одобрувал[30] – Ван Гардерен изгубил дополнителна минута два дена по пад.[31] Неговата екипа Ванти-Груп Гобер исто така го загубила Дарвин Атапума, кој скршил нога во истиот пад.[32] На остатокот од трката, Ван Гардерен завршувал шести или подобро на пет етапи, со што на крајот завршил петти,[33] откако трката завршила во Париз.[34] Го повторил својот успех од претходната година на САД Про Сајклинг Челинџ,[35] освојувајќи го генералниот пласман и две етапи,[36][37] завршувајќи ја сезоната со златен медал на екипниот хронометар на Светското друмско првенство.[38]
Во 2015 година, Ван Гардерен ја започнал својата сезона на Трката околу Оман, каде го освоил второто место зад Рафаел Валс.[39] Ван Гардерен дошол до неговата прва победа во сезоната на четвртата етапа на Волта а Каталуња, која претставувала кралска етапа на трката. Меѓутоа, бил далеку во генералниот пласман за да има некакво значење неговата победа.[40] Во јуни возел на Критериум ди Дофине како подготовка за Тур де Франс. Се борел со Крис Фрум, кој го победил во генералниот пласман за десет секунди, поради што завршил втор.[41] И покрај силните први две недели,[42] го напуштил Тур де Франс 2015 во текот на седумнаесеттата етапа поради болест еден ден по вториот ден за одмор. При напуштањето од трката се наоѓал на третото место во генералниот пласман.[43]
Одбрал да не учествува на Летните олимписки игри поради гружа за вирусот зика.
Бил именуван во почетниот состав за Џиро д’Италија 2017.[44] Ја освоил осумнаесеттата етапа на Џиро д’Италија 2017,[45] со што стигнал до прва етапна победа на некоја голема трка. На Вуелта а Еспања 2017 имал добар почеток со победата на екипниот хронометар со Тим БМЦ на првата етапа и десеттото место во генералниот пласман, со што третпат успеал да заврши меѓу најдобрите десет на некоја голема трка.
На Тур де Франс 2018 бил вклучен во редок случај на израмнување за жолтата маичка по екипниот хронометар, кој го освоил БМЦ. Бидејќи немало поединечен хронометар за да ги измери времињата на возачит до илјадитиот дел од секундата, неговиот колега Ван Авермат ја добил жолтата маичка поради повисоките пласмани во рамки на главната група на претходните етапи.[46]
Ван Гардерен се преселил во екипата ЕФ Едукејшн Фирст кога БМЦ го променил називот во Тим ССС, чија цел главно биле еднодневните трки.[47] На последното издание на Трката околу Калифорнија ја носел водечката маичка неколку етапи и завршил деветти. Потоа, имал добар резултат на Критериум ди Дофине завршувајќи на второто место.
Пред да пандемијата на КОВИД-19, Ван Гардерен имал цел да вози на Џиро и на Тур во 2020 година.[48]
Објавил дека ќе се повлече по националното друмско првенство 2021.[49]
Распоред на резултатите на големите трки | ||||||||||||
Голема трка | 2010 | 2011 | 2012 | 2013 | 2014 | 2015 | 2016 | 2017 | 2018 | 2019 | 2020 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Џиро | — | — | — | — | — | — | — | 20 | — | — | — | 84 |
Тур | — | 82 | 5 | 45 | 5 | СО | 29 | — | 32 | СО | 91 | — |
Вуелта | 35 | — | — | — | — | СО | СО | 10 | — | СО | 113 | — |
Распоред на резултатите на поважните етапи трки | ||||||||||||
Етапна трка | 2010 | 2011 | 2012 | 2013 | 2014 | 2015 | 2016 | 2017 | 2018 | 2019 | 2020 | 2021 |
Париз-Ница | — | 31 | 5 | 4 | СО | 16 | — | — | СО | 19 | СО | — |
Тирено-Адријатико | — | — | — | — | — | — | 25 | 21 | — | — | — | — |
Волта а Каталуња | 62 | — | СО | — | 3 | 30 | 5 | 5 | 17 | СО | НСО | 70 |
Трка околу Баскија | — | 65 | — | СО | 6 | 11 | — | — | — | — | — | |
Тур де Романди | — | — | СО | — | СО | — | 10 | 6 | 45 | — | 57 | |
Критериум ди Дофине | 3 | — | 14 | — | 13 | 2 | — | — | — | 2 | 82 | — |
Тур де Свис | — | 11 | — | 7 | — | — | 6 | 35 | 37 | — | НСО | — |
СО = се откажал; — = не учествувал; НСО = не се одржала
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.