Пандемија на КОВИД-19
From Wikipedia, the free encyclopedia
Пандемија на КОВИД-19 — тековна пандемија од коронавирусната болест 2019 (КОВИД-19), која предизвикува тежок остар дишен синдром коронавирус 2 (SARS-CoV-2). Вирусот за првпат се појавил во Вухан во провинцијата Хубеи во Кина во декември 2019. Светската здравствена организација (СЗО) прогласила пандемија на 11 март 2020 година.[1]
Пандемија на КОВИД-19 | ||||||
---|---|---|---|---|---|---|
Тековна мапа на ширење на коронавирусот 10 000 000+ случаи на милион жители 1 000 000 – 9 999 999 случаи на милион жители 100 000 – 999 999 случаи на милион жители 10 000 – 99 999 случаи на милион жители 1000 – 9999 случаи на милион жители 100 – 999 случаи на милион жители 1 – 99 случаи на милион жители нема потврдени случаи или нема податоци | ||||||
Патологија | COVID-19 | |||||
Потекло | Вухан, Кина | |||||
Прв случај | 1 декември 2019 | |||||
Опфатени земји | Свет | |||||
Период | 1 декември 2019 - во тек | |||||
Статистички податоци | ||||||
Број на излекувани | 212.000 | |||||
Број на мртви | 53.100 |
До 15 март 2020, преку 167.000 потврдени случаи во повеќе од 140 земји и територии, а најтешко биле погодени Кина, Италија, Јужна Кореја, Иран и Шпанија.[2] Умреле преку 6.400 луѓе, додека 76.000 оздравеле.
Вирусот се шири помеѓу луѓето преку респираторни капки од кашлање и кивање.[3] Времето пред појавата на првите симптоми обично е пет дена, но може да биде и помеѓу два и 14 дена.[4] Препорачани мерки за превенција вклучуваат често миење и дезинфекција на рацете, одржување растојание од други луѓе (посебно оние кој се болни) и праќање во самоизолација до 14 дена за оние лица за кои се сомнева дека се инфицирани.[5]
Бројот на смртни сличаи во однос на бројот на дијагностицирани моментално е меѓу 3–4% што е нешто повеќе во споредба со обичен грип кај кој смртноста изнесува околу 0,1%. Меѓутоа, со текот на времето, бројот на смртните случаи во однос на бројот на инфицирани ќе се намалува.[6]
Многу држави ги ограничиле својте патувања, ја откажале наставата во училиштата и вовеле мерки за изолација и полициски часови.[7] Последиците од пандемијата во светот вклучуваат социјална и економоска нестабилност,[8][9] наводна ксенофобија и расизам кон Кинезите и другите народи од источноазиско потекло, како и ширење дезинформации и теории на заговор за вирусот и неговото потекло.[10] Пандемијата е заслужна за падот на светската берза на 9 март, како и за големиот број на откажувања на разни настани и спортски натпреварувања.