![cover image](https://wikiwandv2-19431.kxcdn.com/_next/image?url=https://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/2/26/COVID-19_Outbreak_Cases_in_Italy_%2528Density%2529.svg/langmk-640px-COVID-19_Outbreak_Cases_in_Italy_%2528Density%2529.svg.png&w=640&q=50)
Пандемија на КОВИД-19 во Италија
From Wikipedia, the free encyclopedia
Пандемијата на КОВИД-19 во Италија — вирусна пандемија, која била прогласена на 30 јануари 2020, кога двајца кинески туристи во Рим биле позитивно тестирани на вирусот SARS-CoV-2.[1] Појавувањето на инфекцијата COVID-19 последователно била откриена кај 16 потврдени случаи во Ломбардија на 21 февруари,[2] за веќе следниот ден да се зголеми на 60[3] со појава на првите смртни случаи во текот на истите денови.
Пандемија на КОВИД-19 во Италија | |
---|---|
![]() | |
Легенда | 18 март 2020 Од 1 до 9 случаи Од 10 до 99 Од 100 до 499 Од 500 до 999 Од 1000 до 9999 Повеќе од 10 000 |
Патологија | COVID-19 |
Потекло | ![]() |
Прв случај | Кодоњо |
Опфатени земји | ![]() |
Период | 31 јануари 2020 - во тек |
Статистички податоци | |
Број на излекувани | 211.885 |
Број на мртви | 35.587 |
Мреж. место | Институционална веб-страница |
До 17 март 2020 година, потврдени биле 31 506 позитивни случаи на коронавирус, вклучувајќи 2 941 излекувани лица и 2 503 починати лица, а вкупно биле извршени 148 657 тестирања за присуство на вирусот.[4] Со тоа Италија станала втора земја по број на заразени во светот по Кина, и прва по бројот на смртни случаи.[4]
На крајот на февруари, откриено е дека Италија е потешко погодена од која било друга земја во Европа од пандемија на COVID-19.[5] Италија исто така била прва од само две држави во Европа што ги прекинала сите директни летови кон и од Кина, третирајќи ја пандемијата со една од најдрастичните мерки во ЕУ.
Меѓу првите мерки за третирање на инфекцијата било воведувањето на карантин во 11 општини во Северна Италија (во Ломбардија и Венето). Советот на министри со декрет од 23 февруари 2020 година вовел забрана за пристап и вонредна состојба во општините каде имало појава на пандемија и суспендирање на демонстрации и настани; последователно донесени се четири извршни акти: од 25 февруари 2020 година, од 1 март 2020 година, од 4 март 2020 година и од 8 март 2020 година.[6]