Палестина (автономни територии)
From Wikipedia, the free encyclopedia
Палестинските територии сочинуваат два региона (автономни територии) во Блискиот Исток, и тоа:
- Западен Брег (5.640 км2 копно и 220 км2 вода)
- Појас Газа (360 км2 )[1]
- За регионот видете Палестина.
Овие територии биле под управа на Британскиот мандат Палестина, потоа окупирани од страна на Јордан (Западен Брег) и подоцна од Египет (појас Газа), за на крај, двете територии да бидат окупирани од Израел.
Првпат како суверена држава, Палестина била признаена во 1968 од страна на СССР, а со текот на времето, нејзината државност ја признале вкупно 135 држави. Во ноември 2012 година, Палестина добила статус на држава-набљудувач во Обединетите нации. Во 2014 година, Шведска официјално ја признала државноста на Палестина, а на почетокот на ноември 2014, шефицата на дипломатијата на ЕУ, Федерика Могерини, изјавила дека во рок од пет години, ЕУ би можела да ја признае Палестина како независна држава.[2]