род на растенија From Wikipedia, the free encyclopedia
Орев (науч. Juglans) — род на дрва од семејството ореви (Juglandaceae) чиј плод се користи во секојдневната исхрана. Ова се листопадни дрва со висина од 10 до 40 м и листови долги по 2–9 см, со по 5–25 ливчиња на секоја дршка. Плодот има јатка која ја дели внатрешноста на два дела.
Орев | |
---|---|
Обичен орев (Juglans regia) | |
Научна класификација | |
Царство: | Растенија |
Нерангирано: | Скриеносеменици |
Нерангирано: | Евдикоти |
Нерангирано: | Розиди |
Ред: | Буковидни |
Семејство: | Ореви |
Род: | Орев L. |
Видови | |
во текстот. |
Родот опфаќа 21 вид, распространет од умереноконтиненталните Стариот Свет од Балканот на запад до Јапонија на исток. Во Америка, видовите се застапени од југоисточна Канада до Калифорнија и на југ до Аргентина.
Во Македонија оревот традиционално се употребува во копаничарството, за покуќнина и иконстаси и за изработката на народни инструменти како шупелка, зурла итн. Содржината на оревот наоѓа најразлична примена во народната кујна. Јатката се става да одлежи во ракија, со која таа добива боја и вкус. Од неа се добива и материјал за боење.
На празникот Духовден, гробовите се прекривале со оревови листови
Родот се дели на четири оддели:[1]
Најпознат вид од родот е обичниот орев (J. regia), со автохтон ареал на Балканот, Југозападна и Средна Азија до Хималаите и југозападна Кина.
Двата вида од најголемо стопанско значење се обичниот орев (J. regia) за дрвен материјал и плодовите, и црниот орев J. nigra за дрвена граѓа. Обата вида се нашироко застапени и имаат разни сорти.
Дрвото е светлољубиво и треба да се штити од ветер, но затоа се мошне отпорни на суша.
Меѓу оревовите насади се садат растенија што го врзуваат азотот како дафината (Elaeagnus × ebbingei или Elaeagnus umbellata) и разни видови евла, со што се добива до 30% повисоко и подебело стебло.[2]
Цветовите излегуваат на пролет. Машките се валчести реси што настануваат од лански безлисни изданоци. Долги се околу 10 см и имаат голе број цветчиња. Женнските се јавуваат во снопови, во екот на разлистувањето.[3]
Во 2014 година, глобалното производство на ореви (во тони) изнесувало 3,5 милиони тони, предводени од Кина со 46% од вкупниот број на светот (табела). Други главни производители биле САД и Иран (табела).
Оревовото дрво е темно, густо и многу мазно со обработка. Бојата се движи од драп во понадворешните до темнокафеава во внатрешните делови. Кога се суши во печка, дрвото добива матна кафеава, а на воздух богата виолетово-кафеава боја. Ужива голема популарност во резбарството поради бојата и цврстиот состав. Особена примена наоѓа во изработката на мебел, украсни предмети, кундаци за пушки и музички инструменти.
Во 100 гр ореви има:[5]
Уште од минатото, оревот се смета за идеална храна за мозокот. Оревите се богат извор на омега-3 масни киселини, кои се одговорни за правилно функционирање на мозочните клетки и невротрансмитерите одговорни за промена на расположението, поради што тие се корисни при лекувањето на депресијата.[6]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.