From Wikipedia, the free encyclopedia
Општествено уредување или облик на управување — збир од политички институции на власта во една држава која има за цел со нивна помош да раководи со земјата.
Државни уредувања |
---|
Дел од темата Политика |
|
Портал Политика · уреди |
Утврдувањето на општественото уредување на една држава навидум се чини лесна задача. Обично се вели дека САД е федеративна република додека пак СССР бил тоталитаристичка држава. Меѓутоа, според излагањата на политиколозите Копштајн и Лихбах, впрочем не е лесно да се дефинира карактерот на режимот во државата.[1] Особено наоѓаме на проблеми кога треба да посочиме кои се елементите од суштинско значење за дадено уредување. Се чини дека е полесно да се утврди уредувањето во една земја отколку да се определат неопходните својства што го образуваат таквиот систем.
Политикологијата веќе долго време се занимава со создавање на типологија или таксономија на политеите бидејќи типологиите на политичките системи не се очигледни.[2] Од особена важност за ова се политиколошките дисциплини компаративна политика и меѓународни односи.
Еден приод кон проблематиката е понатаму да се разгледа карактерот на елементите на еден систем. Во примерот со САД и СССР знаеме дека обете земји распишувале избори, но значајна разлика е тоа што СССР имал еднопартиски систем и сите други партии биле забранети. За разлика од ова, САД има де факто двопартиски систем каде политичките партии подлежат на законски уредби, но не се забранети. Покрај ова, повеќето вестминстерски демократии како Обединетото Кралство и земјите од Комонвелтот имаат барем по три крупни партии. Државите со посредна демократија (на пр. Канада, Индија и САД) сепак се одликуваат со извесен степен на непосредна демократија во облик на рефередуми, како и делиберативна демократија во облик на долги и сложени процедури кога се вршат уставни промени.
Одредувањето на режимот е отежнато и поради фактот што огромен број на политички системи водат потекло од социоекономски движења кои потоа се институционализираат во владата преку политички партии кои се носители на таа идеологија. Поради практичинте и идеолошките врски со извесни системи, може да се сметаат за облици на управување сами по себе.
Државите во светот обоени според општествено уредување (јануари 2011) | |
Целосно претседателски републики. | |
Претседателски републики каде шефот на државата е воедно и шеф на владата. | |
Полупретседателски републики. | |
Парламентарни републики. | |
Парламентарни уставни монархии каде монархот нема лична власт. | |
Парламентарни уставни монархии каде монархот има лична власт (напати заедно со слаб парламент). | |
Апсолутни монархии. | |
Еднопартиски држави. | |
Воени диктатури (ваквите земји може де јуре да се водат под друго општествено уредување, како да речеме република). |
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.