Обработка во облак
From Wikipedia, the free encyclopedia
Обработка во облак (англ. cloud computing) — обработка заснована на интернет, каде повеќе поврзани опслужувачи овозможуваат ресурси, софтвер, и податоци за сметачите и други уреди кои имаат дадено барање до нив, што многу наликува на мрежата за електрична енергија.
Обработката во облак еволуира од Хардверската визуелизација, сервис-ориентираните архитектури и услужните обработки. Деталите се преземаат од корисниците и тие веќе не мора да се експерти за, или да имаат контрола на, технологијата која се наоѓа „во облакот“.[1]
Обработката во облак користи нов тип на модел за ИТ службите на Интернет и вклучува залиха на ресурси, чиј број динамички ќе се зголемува.[2][3]
Сето ова е настанато како последица на барањето за што е можно полесен достап до обработувачки (сметачки) места на Интернет. [4] Овој начин на обработка, најчесто ги користи веб-заснованите алатки или апликации, кои на корисниците им даваат достап до ресурси, програми и слично, преку прелистувачите, исто како тие да се инсталирани локално на нивните сопствени сметачи.[5]
Поимот „облак“ се користи како метафора за Интернет, со оглед дека во минатото се цртале облаци за да се претстават телефонските мрежи,[6] а потоа и за да се претстави Интернетот во дијаграмите за сметачки мрежи како апстракција за инфраструктурата која тој ја претставува.[7]
Типичните услужници на обработка во облак, доставуваат онлајн бизнис апликации кои се пристапуваат преку некој Веб сервис или софтвер како што се прелистувачите, а софтверот и податоците кои се потребни се поставени на опслужувачи.
Вообичаено, инфраструктурата за обработка во облак се состои од услуги кои се доставуваат преку вообичаени центри и се поставени на опслужувачи. Комерцијалните понуди на ваков тип на услуги најчесто треба да се придржуваат до барањата поставени во вид на квалитет на услугата (Quality of Service - QoS) за своите корисници и најчесто вклучуваат договори за нивото на услугата (Service Level Agreements - SLA).[8]
Поголеми услужници кои ги нудат облачните услуги се:Амазон, Rackspace Cloud, Salesforce, Skytap, Microsoft and Google.[9][10] Фирми пак кои се активни во полето на обработката во облак се:Fujitsu, Dell,[11] Red Hat,[12] Hewlett Packard,[13] IBM,[14] VMware и NetApp.