Remove ads
From Wikipedia, the free encyclopedia
Информатичка технологија (ИТ) е „прибирање, обработка, складирање и дистрибуција на глас, сликовито, текстуални и бројчени информации од страна на микроелектрониката-основни комбинации на компјутерот и телекомуникациите“.[1] Терминот во својата модерна смисла за првпат се појавува во 1958 година, статијата била објавена во Harvard Business Review во која авторите Левит и Вислер коментираа „за новата технологија сè уште се нема установано едно име“. Ние ќе го наречеме информатичка технологија. "[2]
ИТ покрива широк спектар на области кои вклучуваат, но не се ограничени да работат како што се процеси, компјутерски софтвер, комјутерски хардвер, програмски јазик и податочни конструктори. На кратко, нешто што прави податоци, информации или знаење, во каков било визуелен формат, преку кој било мултимедијален дистрибуиран механизам, се смета за дел од доменскиот простор познат како информатичка технологија.(ИТ)
ИТ професионалците вршат различни функции (IT Disciplines/Competencies) кои се движат од инсталирање апликации на дизањирање на комплексни компјутерска мрежа и информации база на податоци. Некои од должностите на ИТ професионалците може да вклучат управување со податоци, вмрежување, инженерство, компјутерски хардвер, база на податоци и софтверски дизајн како и управување и администрација на цели системи. Информатичката технологија почна да се шири повеќе од конвенционалните личен сметач и мрежна технологија, и повеќе во спојување на другите технологии како што се употребата на мобилни телефони, телевизии, автомобили, и др, со што се зголемува побарувачката за такви работни места.
Во изминатиот период Одборот за акредитација за инженерство и технологија и Здружение за компјутерска машинерија имаат соработувано за да оформат акредитирање и наставни програмски стандарди [3] за дипломи во информатичката технологија како посебна област на студии [4] со Компјутерската Наука и Информатичките Системи денес. SIGITE[5] е АЦМ работна група за дефинирање на овие стандарди. На распространетите ИТ услуги, приходот изнесува 763.000.000.000 $ во 2009 година.[6]
Терминот „информациска технологија“ се појави околу 1970-тите години.[7] Меѓутоа, неговиот основен концепт може да се следи многу порано. Во текот на 20 век, војската се обедени со различни индустрии за да развијат електроника, компјутери и теорија на информации. Историски се случи, војската стимулираа такво истражување со мотивирање и финансирање на иновации во областа на механизацијата и компјутерската техника. Во 1971 година се случи значаен настан за ИТ - првата е-пошта беше испратена помеѓу два мејнфрејма.
Првиот комерцијален компјутер бил UNIVAC I, развиjан од Ј. Преспер Екерт и Џон Маучли за Бирото за попис на САД.[8] Кон крајот на 1970-тите години го забележаа подемот на микрокомпјутерите, по што следеше персоналниот компјутер на IBM во 1981 година. Оттогаш, има четири генерации на компјутери, од кои секоја претставува чекор напред кој се одликува со помали димензии и помоќен хардвер. Првата генерација користеше електронски светилки, втората и третата генерација користеа транзистори и интегрално коло. Четвртата генерација, која е последна генерација, користи посложени системи како што е интеграција во многу големи размери.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.