Никол Кидман
From Wikipedia, the free encyclopedia
Никол Мери Кидман (англиски: Nicole Mary Kidman; родена на 20 јуни 1967 ) — австралиска глумица, добитничка на бројни награди како Оскар, Награда Еми, Награда на БАФТА, Награда „Златен глобус“ и Награда „Сребрена мечка за најдобра глумица“.
Никол Кидман ОА | |
---|---|
Кидман на Канскиот филмски фестивал | |
Роден(а) | Никол Мери Кидман 20 јуни 1967(1967-06-20) (57 г.)[1] Хонолулу, Хаваи, САД |
Државјанство | Австралиско, Американско |
Алма матер | Австралиски театар за млади |
Занимање | глумец, продуцент, пејач |
Активен период | 1983–денес |
Богатство | AUD $183 милиони (март 2015)[2][3] |
Сопружник | Том Круз (1990-2001) Кит Урбен (2006-денес ) |
Деца | 4 |
Родители | Ентони Кидман Џејнел |
Роднини | Антонија Кидман (сестра) |
Страница nicolekidmanofficial.com |
Никол Кидман е наградуван светски хуманитарец и е одбрана за Граѓанин на светот од страна на ООН и амбасадор на добра воља на УНИФЕМ и УНИЦЕФ. Во 2006 година била избрана за придружничка во поредокот на Австралија, најголемата државна чест во Австралија.[4] Истата година, таа исто така беше и најплатената глумица во филмската индустрија.[5]
Никол во филмската индустрија се пробила во 1989 со трилерот Мртво смирен. Нејзините изведби во филмовите Денови на грмотевицата, To Die For (1995), Мулен Руж (2001) и Часови (2002) и донеле голема слава. Во 2003, Кидман се здобила со ѕвезда на Холивудската улица на славни во Холивуд, Калифорнија. Таа е добро позната и по контровезниот брак со познатиот глумец Том Круз и по сегашниот брак со музичарот Кит Урбен. Бидејќи е родена во Хонолулу, Хаваи, но од родители Австралијанци, Кидман има двојно државјанство и од Австралија и од САД.[6]