Еми (награда)
телевизиска награда / From Wikipedia, the free encyclopedia
Наградите „Еми“ се американски телевизиски награди, кои се сметаат за телевизиски еквивалент на Оскарите.
Три поврзани, но различни организации доделуваат наградите:
- „Академијата на телевизиски награди и науки“ ги наградува забавните програми кои одат во ударен термин со исклучок на спортот;
- „Националната академија на телевизиски награди и науки“ која ги наградува дневните, спортските и документарните емисии, вклучувајќи ги и информативните програми, односно вестите;
- „Меѓународната академија на телевизиски награди и науки“ која ги наградува емисиите направени во земји надвор од Соединетите Американски Држави.
Најпознати меѓу наградите „Еми“ се За ударни термини (Primetime Emmy Awards) како и Дневни награди (Daytime Emmy Awards).