Неологизам
From Wikipedia, the free encyclopedia
From Wikipedia, the free encyclopedia
Неологизам[1][2] (од грчки νέο- néo-, „нов“ и λόγος lógos, „говор, исказ“) или новотвореница — релативно неодамнешен или изолиран поим, збор или фраза што може да биде во процес на влегување во општа употреба, но не е целосно прифатен во општоприфатениот јазик.[3] Неологизмите често се водени од промените во културата и технологијата.[4][5] Во процесот на образување на јазикот неологизмите се позрели од протологизмите.[6] Зборот чија развојна фаза е помеѓу онаа на протологизмот (скоро создаден) и неологизмот (нов збор) е прелогизам.[7]
Популарни примери на неологизми може да се најдат во науката, фантастиката (особено научната фантастика), филмовите и телевизијата, брендирањето, книжевноста, жаргонот, лингвистиката, визуелните уметности и популарната култура.
Поранешните примери се ласер (1960) од засилување на светлината со стимулирана емисија на зрачење (Light Amplification by Stimulated Emission of Radiation); робот (1941) од драмата RUR на чешкиот писател Карел Чапек (Росумови универзални роботи);[8] и агитпроп (1930) (стопеница на „агитација“ и „пропаганда“).[9]
Неологизмите често се образуваат со комбинирање на постоечки зборови (види сложенки) или со давање на зборовите нови и единствени наставки или претставки. Неологизмите може да се формираат и со спојување на зборови, на пример, „појчек“ е спој на зборовите „појадок“ и „ручек“, или преку кратенка или акроним, со намерно римување со постоечки зборови или едноставно преку играње со звуци. Релативно редок облик на неологизам е кога се користат соодветни имиња како зборови (на пример, бојкот, од Чарлс Бојкот).
Неологизмите можат да станат популарни преку меметиката, преку масовните медиуми, интернетот и усно пренесување, вклучително и академски дискурс во многу области познати по нивната употреба на карактеристичен жаргон, и често стануваат прифатени делови од јазикот. Други времиња, тие исчезнуваат од општа употреба исто толку лесно како што се појавиле. Дали неологизмот ќе продолжи како дел од јазикот зависи од многу фактори, од кои веројатно најважен е прифаќањето од јавноста. Невообичаено е зборот да добие популарност ако јасно не наликува на други зборови.
Поимот неологизам првпат е потврден во англискиот јазик во 1772 година, како заемка од францускиот néologisme (1734). Во академска смисла, не постои професионален неолог, бидејќи проучувањето на такви нешта (културен или етнички народен јазик, на пример) е интердисциплинарно. Неологизмите може да ги проучуваат разни професии, како што се лексикографи или етимолози, бидејќи нивната употреба го опфаќа опсегот на човековото изразување, и како, благодарение на науката и технологијата, тие се шират побрзо од кога било досега во сегашно време.[10]
Поимот неологизам има пошироко значење кое вклучува и „збор кој добил ново значење“.[11][12][13] Понекогаш, овој процес се нарекува семантичко поместување,[11] или семантичко проширување.[14][15] Неологизмите се разликуваат од идиолектот на една личност, уникатните модели на вокабулар, граматика и изговор.
Неологизмите обично се воведуваат кога ќе се открие дека на одреден поим му недостасува термин, или кога на постоечкиот речник му недостасуваат детали или кога говорникот не е свесен за постојниот речник.[16] Законите, владините тела и технологијата имаат релативно висока честота на воведување неологизми.[17][18] Друга причина што го води до создавање на неологизам е да се разјасни поимот кој можеби е нејасен поради многуте значења.[19]
Бидејќи неологизмите потекнуваат од еден јазик, преводите на друг јазик може да бидат тешки.
Во научната заедница, каде англискиот е доминантен јазик за објавени истражувања и студии, понекогаш се користат преводи со сличен звук (наведени како „натурализација“).[20] Алтернативно, англискиот збор се користи заедно со кратко објаснување за значењето.[20] Четири методи на преведување се користат при преведувањето на неологизмите: транслитерација, транскрипција, употреба на аналогизми, преведеници или заемки.[21]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.