From Wikipedia, the free encyclopedia
Идиолектот е еден од јазичните разновидности кој е уникатен за една личност, кој се манифестира преку зборовниот фонд, употребата на граматичките правила и правописот/ правоговорот. Концептуално гледано, секоја зборувана форма на еден јазик од страна на секој човек е уникатна.
Поимот „јазик“ се користи за апстрактниот опис на „јазичната употреба“, и способноста на еден поединечен говорник или соговорник.[1] Според тоа, „јазикот е склоп на идиолекти...одошто едника сама за себе“.[1] Јазичарите ги проучуваат јазиците со разгледување на исказите кои се произведени од луѓето.
Котрастот на погледите кон ова прашање меѓу луѓето кои не се јазичари, барем во САД, покажува дека јазикот како идеален систем постои надвор од фактичката употреба. Работата на Ненси Ниеѕелски и Дени Престон опишала јазична идеологија која навидум изгледа заедничка за говорниците на американскиот англиски јазик. Според нив, голем дел од испитаниците веруваат дека има еден „точен“ модел на граматика и зборовен фонд кој е во основата на стандардниот англиски јазик, и секоја поединечна употреба потекнува од овој надворешен систем.[2]
Јазичарите кои ги разбираат поедините јазици како композит од уникатени, поединечни, идиолекти, мора да забележат дека членовите од поголемата зборовна заедница, па дури и членови од други дијалекти од истиот јазик, можат да се разберат едни со други. Сите луѓе произведуваат јазик на скоро ист начин.[3] Ова довело до истражување на универзалната граматика, како и до обидите да се дефинира природата на одредени јазици.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.