From Wikipedia, the free encyclopedia
Nебесна сфера — замислена сфера vо астрономијата и морепловството со произволно голем полупречник која е концентрична на Земјата и се врти на оска. Сите објекти на небото можат да се сфатат како да се проектирани на оваа небесна сфера. Небесниот екватор и небесните полови се нагорно проектирани од Земјиниот екватор и нејзините полови. Небесната сфера претставува мошне практично помагало во положбената астрономија.
Евдоксиевиот планетарен модел, на кој се засноваат Аристотеловиот и Птоломеевиот модел, е првото геометриско толкување за „скитањето“ на планетите.[1] Се сметало дека на најнадворешната од овие „кристални сфери“ биле сместени неподвижните ѕвезди. Евдокс одговорил на Платоновиот предизвик: „Со какви рамномерни и складни движења можеме да ги протолкуваме привидното движење на планетите?“[2] користејќи се со 27 сферни тела.
Небесната сфера може да се користи од геоцентрично и топоцентрично гледиште. Во првиот случај во средиштето се наоѓа замислен набљудувач во центарот на Земјата, и затоа не се земаат предвид ефектите на паралакса. Во вториот случај набљудувачот е на површината на земјата, и тогаш хоризонталната паралакса не може секогаш да се занемари, особено кога се работи за Месечината.
Небесната сфера се дели на две полутопки (полутопки): северна и јужна. Располовена е во местото кајшто ја сече екваторот, и на овој начин можеме да ги пронајдеме и северниот и јужниот небесен повратник и северниот и јужниот небесен пол. Положбите и одредниците на разни објекти на небото се утврдуваат со помош на небесен координатен систем.
Небесната полутопка од гледиште на набљудувачот почесто се нарекува небесен свод[3].
Бидејќи Земјата околу прави едно свртување околу својата оска на секои 24 часа од запад кон исток, нам ни изгледа дека небесната сфера и сите објекти на неа се вртат од исток кон запад околу небесните полови. Ова е дневното движење. Затоа ѕвездите изгреваат на исток, ја достигнуваат врвната точка на линијата север-југ (меридијанот) и заоѓаат на запад (со исклучок на околуполарните т.е. незаоѓачки ѕвезди). Следната ноќ извесна ѕвезда повторно ќе изгрее, но нашите обични чесовници (со 24 часа 0 минути) ќе покажат дека ѕвездата изгреала 4 минути порано. Следната ноќ разликата ќе биде 8 минути, и сè така за секоја следна ноќ (или ден).
Причината за оваа недоследност е фактот што на небесната сфера Сонцето не стои мирно како другите ѕвезди, туку се движи на исток за околу 1° дневно долж голема кружница наречена еклиптика (правејќи 360° или цел круг за една година). Бидејќи аголот од 1° соодветствува на 4 минути време (360° = 24 часа), потребни ни се 4 дополнителни минути дневно движење за да го видиме Сонцето повторно на истото место. Со тоа едно свртување трае точно 24 часа (во просек, занемарувајќи ги ситните сезонски варијации)
Од оваа причина, обичните часовници покажуваат сончево време. Астрономите што го изучуваат движењето на ѕвездите мерат во ѕвездено време, каде објектите се свртуваат еднаш на 23 часа и 56 минути (наше време).
Небесната сфера може да се претстави и на макета наречена ѕвезден глобус. На топките на ваквите глобуси се исцртани соѕвездијата, отсликувајќи го она што можеме да го видиме од Земјата. Најстариот зачуван примерок е скулптурата Фарнезински Атлас, и копија од II век на постаро вајарско дело од хеленистичкиот период, изработено околу 120 п.н.е.).
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.