From Wikipedia, the free encyclopedia
Хоризонтски координатен систем — небесен координатен систем кој се служи со месниот хоризонт на набљудувачот како основна рамнина за да определи два агла: висина и азимут. Затоа хоризонтскиот координатен систем понекогаш се нарекува висинско-азимутски систем[1]. На висинско-азимутската монтажа на телескоп, двете осовини на инструментот ги следат токму висината и азимутот.[2]
Овој небесен координатен систем го дели небото на две полутопки: горна полутопка, каде телата се над хоризонтот и се видливи, и долна полутопка, каде тие се невидливи бидејќи Земјата ги попречува.[б 1] Големата кружница која ги дели двете полутопки се нарекува небесен хоризонт, и се дефинира големата кружница на небесната сфера чија рамнина е нормална на месниот гравитациски вектор.[3][б 1] Во практика, хоризонтот може да се дефинира како рамнинската тангента на мирна течна површина како езеро од жива.[4] Полот на горната полутопка се нарекува зенит. Полот на долната полутопка се нарекува надир.[5]
Следниве се две независни хоризонтски аголни координати:
Хоризонтскиот координатен систем не треба да се меша со топоцентричниот координатен систем. Хоризонтските координати ја одредуваат насоченоста на набљудувачот, но не местоположбата на почетокот; топоцентричните координати го одредуваат почетокот на Земјината површина, за разлика од геоцентричниот небесен систем.
Хоризонтскиот координатен систем е прицврстен за дадено место на Земјата, а не за ѕвездите. Затоа, висината и азимутот на едно тело на небото се менува со тек на време како што телото делува како да патува по небото со Земјиното вртење. Покрај ова, бидејќи хоризонтскиот систем е определен од месниот хоризонт на набљудувачот,[б 1] истото тело гледано од други места на Земјата во истото време ќе има различни вредности за висина и азумит.
Страните на хоризонтот имаат свои азимутски вредности кои служат за упатување.
Страна | Азимут |
---|---|
Север | 0° |
Исток | 90° |
Југ | 180° |
Запад | 270° |
Хоризонтските координати се многу корисни за одредување на времето на изгрев и залез на некое тело на небото. Кога телото има висина 0°, тоа е на хоризонтот.[б 1] Ако висината му се зголемува, тогаш изгрева, а кога се намалува, тоа заоѓа. Меѓутоа, сите тела на небесната сфера претрпуваат дневни движења, што секогаш изгледа како да оди на запад.
Набљудувачот од север од своја страна може да одреди дали висината се зголемува или намалува азимутот на небесното тело:
Постојат овие посебни случаи:[б 1]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.