Натали Портман
From Wikipedia, the free encyclopedia
Натали Портман (хебрејски: נטלי פורטמן) (Ерусалим, 9 јуни 1981 ) родена како Натали Хершлаг, е израелско-американска глумица номинирана за Оскар и добитничка на Златен глобус.
Натали Портман | |
---|---|
![]() Портман во 2013 | |
Роден(а) | Натали Хершлаг 9 јуни 1981(1981-06-09) (43 г.) Ерусалим, Израел |
Државјанство | ![]() ![]() |
Алма матер | Харвард Еврејски универзитет во Ерусалим |
Занимање |
|
Активен период | 1992–сè уште |
Сопружник | Бенжамин Милпје (в. 2012) |
Деца | 1 |
Како девојче, Натали ги поминува училишните распусти посетувајќи театарски кампови, каде што ја развива љубовта спрема глумата. По искуството во еден мјузикл, на 12 години добила улога во филмот „Леон“ (издаден во САД како „Професионалецот“). Во средината на деведесеттите Натали играла помали улоги во филмовите „Жештина“, „Сите велат те сакам“ и „Марс напаѓа!“, како и една поголема улога во „Убави девојки“.
Во доцните деведесетти, таа била избрана за улогата на Падме Амидала во новата трилогија на „Војна на ѕвездите“. Таа глумела во филмовите „Секаде освен тука“, „Мојот живот во Гарден Стејт“, „Поблиску“ и „О за Одмазда“. За филмот „Поблиску“ таа била наградена со Златен глобус и била номинирана за Оскар во категоријата за најдобра глумица во споредна улога.
Во 2010, Портман ја имала главната улога во психолошкиот филм Црн лебед. Нејзината изведба добила позитивни критики и таа ги добила својот прв Оскар за најдобра глумица во главна улога, вториот Златен глобус, првата БАФТА награда, како и наградата на здружението на филмски работници.