На 1 јануари 2017, се случил напад на ноќен клуб во Истанбул во кој загинале 39 луѓе. Нападот се случил во 01:15 (UTC +3) во ноќниот клуб Реина во округот Ортаќој, каде илјадници луѓе ја славеле новата година. Најмалку 69 луѓе се повредени.
Напад на ноќен клуб во Истанбул (2017) | |
---|---|
Ноќниот клуб „Реина“ во 2012 година | |
Место | Истанбул, Турција |
Датум | 1 јануари 2017 01:15 (FET) |
Употребено оружје | АК-47, рачни гранати |
Мртви | 39 |
Повредени | 79[1] |
Број | нејасно |
Заднина
Нападот се случил во време на засилени безбедносни мерки во градот, со 17.000 полициски службеници на должност,[2] по неколкуте терористички напади последниве месеци, многу извршени од ИСИС и курдските милитанти.[3]
Нападот
Според првичните информации напаѓач кој бил облечен во костум од Дедо Мраз (но тврдењето подоцна е одбиено од турскиот премиер)[4], отворил оган во ноќен клуб околу 1:15 часот по полноќ. Напаѓачот со себе носел АK-47 и влегол во ноќниот клуб со тоа што убил полициски службеник и случаен минувач на влезот од клубот.
За време на нападот, околу 700 луѓе се наоѓале во клубот за прославата на нова година.[3][5] Најмалце 39 луѓе се мртви[6][7][8] (вклучувајќи 15 странци)[9] и околу 69 се повредени.[10] Полицијата поставила кордон околу клубот. Голем број луѓе скокнале во Босфорот за да го избегнат нападот.[11]
Жртви
држава | мртви | повредени | изв. |
---|---|---|---|
Турција | 12 | непознато | |
Саудиска Арабија | 7 | 9 | [12] |
Ирак | 3 | 0 | [10] |
Либан | 3 | 7 | [13] |
Јордан | 2 | 4 | [14] |
Мароко | 2 | 4 | [14][15] |
Индија | 2 | 0 | [14][16] |
Кувајт | 1 | 5 | [12][14][17] |
Либија | 1 | 3 | [се бара извор] |
Израел | 1 | 1 | [18][19][20] |
Тунис | 1 | 0 | [21] |
Тунис– Франција | 1 | 0 | [22] |
Канада | 1 | 0 | [10][14] |
Сирија | 1 | 0 | [10][14] |
Русија | 1 | 0 | [14] |
Франција | 0 | 4 | [23] |
Германија | 0 | 3 | [24] |
Азербејџан | 0 | 2 | [25] |
Бугарија | 0 | 1 | [26] |
САД | 0 | 1 | [27] |
Unknown | 0 | 35 | |
Вкупно | 39 | 79 | [се бара извор] |
Наводи
Wikiwand in your browser!
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.