НБА сезона 2009-2010
From Wikipedia, the free encyclopedia
Сезоната 2009-2010 во НБА лигата била 64-тото издание на НБА првенството. Сезоната е завршена со победа на Лос Анџелес Лејкерс, кој го поразиле Бостон Селтикс со 4-3 во НБА финалето.
Спорт | Кошарка |
---|---|
Организатор | НБА |
Период | од: 27 октомври 2009 до: 17 јуни 2010 |
Екипи | 30 (во 6 групи) |
МВП | Леброн Џејмс |
Најдобар тренер | Скот Брукс |
Најдобар стрелец | Кевин Дурант |
МВП на финалето | Коби Брајант |
следна → ← претходна |
Регуларниот дел од сезона, започнал во вторник 27 октомври 2009, а завршил во среда 14 април 2010. Секој од 30-те екипи, одиграл по 82 натпревари. НБА Плејофот започнал на 17 април, а завршил на 17 јуни.
НБА Драфтот 2009 се одржа на 25 јуни 2009, а прв пик бил Блејк Грифин, драфтуван од ЛА Клиpерс.[1] Далас Маверикс биле домаќини на 59-тиот Ол-Стар натпревар во Каубој Стадионот во Арлингтон, Тексас на 14 февруари 2010.[2]
За вторпат во историјата на НБА плеј-офот, сите осум тимови од Западната Конференција имале 50 или повеќе победи, а разликата помеѓу #1 носител и #8 носител во Западната Конференција била само 7 победи. Двата настани се случиле за првпат во 2008.
Најдобар скор имале Кливленд Кавалиерс со 61 победа, но ова и воедно било најнискиот најдобар рекорд во една НБА сезона после Индијана Пејсерс, која исто така победила во 61 натпревар во сезоната 2003-2004.[3]