НБА плејоф 2011
From Wikipedia, the free encyclopedia
НБА-плејофот 2011 е постсезонско натпреварување во Националната кошаркарска асоцијација во сезоната 2010-11. Осум тима од двете конфереции ќе се квалификуваат во плејофот, сите поделени во носители од 1 до 8, во формат подобар од седум. 2011 НБА-плејофот започнал во сабота, 16 април 2011 и завршил во недела, 12 јуни 2011.
Спорт | Кошарка |
---|---|
Организатор | НБА |
Период | од: 16 април 2011 до: 12 јуни 2011 |
Екипи | 16 |
Титула Исток | Далас Маверикс |
Титула Запад | Мајами Хит |
Шампион | Далас Маверикс (1º титула) |
МВП на финалето | Дирк Новицки |
следна → ← претходна |
Далас маверикс биле прваци во 2011 НБА-плејофот.
Чикаго Булс постигнаa неколку признанија првпат после сезоната 1997-98: најдобар учинок во Источната конференција, титула во Централната дивизија, и 60+ победи. Тие обезбедија најдобар учинок во НБА за првпат после сезоната 1996-97, што им гарантира предност на домашен терен, ако го достигнат НБА-финалето. Во продожени, тие ќе се сретнат со Индијана пејсерс за првпат после истата година. Пејсерси учествуваат во плејофот првпат после 2006, исто како и Мемфис гризлис. Њујорк Никс ќе стигнат до плејофот по првпат 2004, но ова е нивно прво појавување во плејофот со позитивен биланс после 2001. Филаделфија 76ерс и Њу Орлеанс Хорнетс учествуваат во плејофот веќе трипати во четири години. Останатите 11 тима беа во плејофот и минатата година. Оклахома Сити Тандер се упати кон плејофто со нивната прва титула во Северозападната Дивизија под ова име; нивната последна дивизиска титула ја освоија во 2005 како Сиетл Суперсоникс.
За првпат откако е употребен форматот со 16 тима во 1984, првите два носители од истата конференција (Сан Антонио Спарс и Лос Анџелес Лејкерс од Западната Конференција) го изгубија Натпреварот 1. Спарс изгубија од Гризлис, кој ја освоија нивната прва плеј-оф победа во историјата на тимор, додека Лејкерс изгубија од Хорнетс. Двајт Хауард од Орландо Меџик го изедначи тимскиот рекорд со 46 бода (31 во 1вото полувреме) во Натпреварот 1 против Атланта Хокс, кој припаѓаше на Трејси МекГреди во Натпреварот 2 во Првата Рунда од 2004 НБА Плејофот против Детроит Пистонс.
Со победата од 4-1 во серијата над Денвер Нагетс, Тандер ја забележаа нивната прва плејоф победа после 2005. Бостон Селтикс победи во само четири натпревари во серијата подобар од седум за првпат после 1986 со победата над Никси со 4-0 ; Ваков учинок тие немаа постигнато од 1992, во последната сезона на Лери Брд.
Гризлите ја победија нивната прва плеј-оф серија во нивната тимска историја. Тие станаа четвртиот 8 носител кои продолжил во Конференциското Полуфинале во историјата на НБА после победата над Спарси во шест натпревари, и втор откако првата рунда беше проширена на формат од подобар од седум. Во продолжение, оваа сезона беше прва во која ниту еден од натпреварите во првата рунда не беше доведен до Натпреварот 7 откако е воведен овај формат. Лос Анџелес Лејкерс, кои победија во Финалето во двете претходни години, беа “изметени“ од Далас Маверикс во втората рунда. Ова е првпат тренерот на Лејкерс, Фил Џексон да биде “изметен“ во некоја плејоф серија..
Натпреварот 7 од серијата помеѓу Гризлис и Тандер ја осигура 12тиот последователен плејоф со најмалку еден изигран Натпревар 7. Последниот НБА плејоф вокој не се изигра ниту еден Натпревар 7 беше во 1999.
Во натпреварот 1 Од Финалето на Западната Конференција, Дирк Новицки од Далас Маверикс постави нова плејоф рекорд за најмногу погодени слободни без промашување со 24, претходно поставен од Пол Пирс (21) во 2003. Новицки исто така го постави рекордот за најдобра процентажа од слободно фрлање во серијата со 98% прецизност.
Далас Маверикс и Мајами Хит ќе се сретнат во НБА Финалето. Далас ги победи Оклахома Сити Тандер во 5 натпревари. Мајами ги победи Чикаго Булс во 5 натпревари исто така. Во репризата од 2006 Финалето Далас Маверикс ги победи Мајами Хит со резултат од 4-2.
2011 Плејофот беше обележан како прв после 2007, во кој само во една серија се играше Натпревар 7.
Двајцата минатогодишни финалисти беа исфрлени во втората рунда (Лејкерс со 0-4 од Далас, а Бостон 1-4 од Мајами).