From Wikipedia, the free encyclopedia
Мустафа II (6 февруари 1664 во Одрин - 28 декември 1703 во Цариград) бил дваесетивториот султан на Отоманското Царство. Бил роден во Одрин (1664-1703) како син на Мехмед IV и неговата сопруга Еметулах Рабија Ѓулнуш султан која имала грчко потекло[1] која имала грчко потекло[2][3][4][5][6]. Го наследил својот чичко Ахмед II во 1695 година. Во 1697 година претрпел голем пораз од страна на принцот Евгениј Савојски.
Мустафа II | |
---|---|
Отомански султан | |
Калиф | |
Владеење | 6 февруари 1695 – 8 декември 1703 |
Период | Застој на Отоманското Царство |
Полно име | Мустафа II |
Претходник | Ахмед II |
Наследник | Ахмед III |
Семејство | Отоманска династија |
Династија | Отоманска династија |
За разлика од неговите двајца претходници, пред пристапувањето на престолот не бил затворен во никаква ќелија на Топкапи-сарај, и живеел во Одрин, каде уживал релативна слобода. Во раните години на неговото владеење се обидувал да го скрши неуспехот на турската војна против “Светата лига”. Во 1696 лично ја предводел армијата на Балканот, и поради бројната супериорност во однос на Австријците имал некои успеси. Следната година, 1697 , турската армија под команда на големиот везир Мехмед Паша Елмас била поразена од империјалните сили на Евгениј Савојски во Битката кај Сента. Во 1696, руската војска го зазела Азов.
Во 1699 бил потпишан Карловицкиот мировен договор со кој на Венеција и припаднале Пелопонез (Мореја) и Далмација, Австрија ги добила Унгарија и Трансилванија, Полска – Подолија. Со договорот од Цариград во 1700, на Русија и бил отстапен Азов.
По војната, Мустафа живеел претежно во Одрин, каде што се занимавал со лов. Во август 1703 година, против него во Цариград, започнало востание, а на бунтовниците се приклучил дел од јаничарите. Бунтовниците организирале поход на Одрин. Во борбата на бунтовниците со владините трупи, вториве прешле на бунтовничката страна, а потоа Мустафа абдицирал во корист на неговиот брат Ахмед III. По четири месеци поранешниот султан умрел (можно е да бил отруен).
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.