Мудрост
From Wikipedia, the free encyclopedia
Под мудрост се подразбираат способноста и желбата да се донесуваат избори што можат да добијат потврда по долгорочно испитување од многу луѓе. Во оваа смисла, да се оцени еден избор како „мудар“ значи дека дејството или не-дејството било стратешки точно во однос на одредени широко прифатени вредности. Mудроста ја претставува способноста на човекот да мисли и да дејствува, користејќи ги знаењето, искуството, разбирањето, разумот и менталната способност. Мудроста се смета за доблест, тоа претставува поседување на знаење кое треба да се искористи во која било околност. Тука се вклучени: разбирањето на луѓето, нештата, настаните, ситуациите, како и подготвеноста и способноста да се применуваат перцепцијата и расудувањето. Често е потребно и контрола на емотивните реакции, за разумот да преовладува на универзален принцип. Мудроста означува длабоко знаење, но и можност за расудување. Мудрите луѓе често ги нарекуваат и филозофи.
Во 6 век п.н.е., Старите Грци признавале седум мудреци: Талес, Солон, Хилон, Питак, Бијант, Клеобул и Периандар.[1]
Во своето дело, „Пофалба на глупоста“, Еразмо Ротердамски вели дека мудреците се некорисни во секојдневниот, практичен живот, за што најдобар пример е Сократ.[2]