Remove ads
From Wikipedia, the free encyclopedia
Солон (грчки: Σόλων, околу 638 п.н.е. - 558 п.н.е.) бил атински државник, законодавник и лирски поет, еден од седумте мудреци на Стара Грција. Најмногу е запаметен по неговите настојувања да воведе законски ред против политичкото, економското и моралното опаѓање во древна Атина. Тој го поткренал националниот дух на жителите на Атина, ги ублажил маките на сиромашните луѓе и го создал либералниот устав на Атина. Притоа, за да им даде на граѓаните можност да ги практикуваат неговите закони, тој одлучил да ја напушти Атина.[1] Иако неговите реформи не останале долг период, сепак Солон е познат како основоположник на атинската демократија.[2][3][4] [5]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.