село во Општина Росоман From Wikipedia, the free encyclopedia
Мрзен Ораовец — село во Општина Росоман, во областа Тиквеш, во околината на градот Кавадарци.
Мрзен Ораовец | |
Регион | Вардарски |
Општина | Росоман |
Население | 2 жит. (поп. 2021)[1] |
Шифра на КО | 11030 |
Надм. вис. | 411 м |
Мрзен Ораовец на општинската карта Атарот на Мрзен Ораовец во рамките на општината | |
Мрзен Ораовец на Ризницата |
Селото се наоѓа во Тиквешијата, оддалечено 20 километри западно од Кавадарци и 12 километри југозападно од Росоман.
Подрачјето на Мрзен Ораовец е населено уште од древномакедонско време, за што сведочат остатоците од утврдената населба Падарница на 2 км југоисточно од селото.[2]
Во XIX век селото било дел од Тиквешката каза на Отоманското Царство.
Во селото е пронајден Тиквешкиот зборник, ракописен текст од XVI век.
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Мрзен Ораовец живееле 620 жители, сите Македонци.[3] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 година во Мрзен Ораовец имало 480 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[4]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 500 Македонци.[5]
Според пописот од 2002 година селото имало само 5 жители, сите Македонци.[6]
Според пописот од 2021 година, во селото живееле само 2 жители, сите Македонци.
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 620 | 480 | 429 | 399 | 301 | 179 | 97 | 25 | 14 | 5 | 2 |
Како родови во Мрзен Ораовец се споменуваат:[11]
Селото е опфатено во избирачкото место бр. 718 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште на селото Камен Дол.[12]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 69 гласачи.[13]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.